ЈАВЕН ПОВИК до граѓански организации за доделување грантови краен рок 14.09.2018

SOS: 0800 11111

ЈАВЕН ПОВИК до граѓански организации за доделување грантови краен рок 14.09.2018

ЈАВНИОТ ПОВИК Е ЗАВРШЕН.

Проектот „Стратешко партнерство за развивање социјална агенда за промена: Препознај, почитувај и остварувај права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта/Ла Страда, отвора јавен повик до граѓанските организации (ГО) за доделување грантови.

Програмата за доделување грантови придонесува за главната цел на проектот, односно да го подобри граѓанскиот активизам и да ги зголеми капацитетите на организациите на граѓанското општество да станат активни чинители во подобрувањето на политиките за развој на човековите права и владеење на правото.

Програмата ќе ги поддржи националните ГО во спроведувањето на целни локални активности за застапување кои ќе придонесат кон националните напори за подобрување на политиките и практиките на јавниот сектор, а кои ќе имаат одржливи резултати.

Преку  грантовите ГО ќе се залагаат и ќе спроведуваат независно и објективно следење и истражување, развој на политики и ќе влијаат на процесите на донесување одлуки во јавноста. Преку повикот се очекува да се изградат транспарентни и одговорни граѓански организации, кои ќе го претставуваат гласот на граѓаните.

Граѓанските организации ќе имаат можност да ја градат мрежата на своите партнери, соработници, поддржувачи и донатори за да обезбедат долгорочно одржување на нивните активности преку кои придонесуваат за јавниот интерес и остварувањето на сопствените мисии и визии.

Дополнително, оваа програма е креирана на начин што ќе овозможи ГО да ги градат своите капацитети  особено во поглед на собирање податоци, анализа, мониторинг и застапување. Низ проектниот циклус се очекува грантистите да ги прошират и своите капацитети и способности за управување со грантови финансирани од ЕУ.

Право на учество согласно критериумите за подобност имаат домашни граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации што се регистрирани најмалку шест месеци пред објавата на овој повик.

Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 14.09.2018 до 16 часот (до овој рок апликацијата треба да e поднесена до Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе- Отворена порта/Ла Страда – Скопје). Апликациите се доставуваат во еден примерок по пошта, курир или лично на адреса: ул.Сава Ковачевиќ 1а, 1000 Скопје. Секој апликант може да достави само една апликација во рамки на повикот. Апликантите можат да бидат ко-апликанти во една друга апликација. Минималната сума за која може да се аплицира е 307 250,00 ден, а  максималната 491 600,00 ден.

Целокупни информации за целите, активностите, критериумите за доделувањето на грантовите, се наоѓаат во програмата. Дополнителни информации и прашања се поставуваат на e–mail: lastrada@lastrada.org.mk согласно насоките во упатството за апликанти.

Согласно Јавниот повик, апликантите доставуваат:

 

Сите потребни документи се достапни за преземање од www.lastrada.org.mk

Се замолуваат ГО да го проследат овој повик до сите заинтересирани соработници формирани согласно Законот за здруженија и фондации. Информативни  средби  во врска со повикот ќе се оддржат во два града.