Да кажеме ДА за подобар живот на сите бегалци

SOS: 0800 11111

Да кажеме ДА за подобар живот на сите бегалци

Да кажеме ДА за подобар живот на сите бегалци, Да за почитување на нивните човекови права
20. јуни-Светски ден на бегалците –ден на сите лица кои се принудени да кажат збогум на својата татковина, на првата љубов, своите пријатели, роднини, мајка, татко ….да остават дел од својот живот.
Милион деца никогаш нема да заборават и да се справат со траумата која што ја преживеале, пеколот низ кој што го поминале во непознатото. Да се запрашаме- Колку ли се тие винови што по случаен избор се избркани од своите домови, угнетувани?. Иако многу се зборува за човековите права, се донесуваат конвенции, закони, директиви и стратегии сепак и ден денес многу луѓе и деца не се во можност да ги уживаат.
По повод Светскиот ден на бегалците, Отворена Порта во прифатните кампови во Виноју/Гевгелија, Табановце и во Центарот на баратели на азил спроведе низа на активности со мигрантите/бегалците и барателите на азил кои престојуваат во Македонија, меѓу кои: спортски активности, посета на зоолошката градина во Скопје, игри со деца, вечера со традиционална храна и др.
Преку спроведување на овие активности Отворена Порта сака Да каже ДА за подобар живот на сите бегалци, Да за почитување на нивните човекови права.