Денес, 2 декември се одбележува Меѓународниот ден за укинување на ропството

SOS: 0800 11111

Денес, 2 декември се одбележува Меѓународниот ден за укинување на ропството

2ри Декември

Денес, 2 декември се одбележува Меѓународниот ден за укинување на ропството,  денот кога беше усвоена Конвенцијата на Обединетите Нации за сузбивање на трговијата со луѓе и  експлоатација на проституција од страна на други (резолуција 317 (IV) од 2 декември 1949 година), од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Во Македонија од 2ри до 9ти Декември се одбележува недела за борба против трговија со луѓе. Отворена Порта се приклучува кон одбележување на овој ден со апел за искоренување на современите форми на ропство, како што се трговијата со луѓе, сексуална експлоатација, најлошите форми на детски труд, присилни бракови, и присилното регрутирање на деца за користење во вооружени конфликти.

Во Македонија сеуште постои трговијата со луѓе која се смета како современа форма на ропство. Апелираме до сите надлежни институции и организации да первземат остри мерки за сузбивање на трговијата со луѓе како и да обезбедат соодветна заштита и помош за жртвите од трговија со луѓе.

Оваа недела ќе ве потсетуваме на правата на жртвите, следете не на нашата ФБ страница и на нашата веб страна www.lastrada.org.mk

Посети, сподели, научи, гледај и информирај се за трговијата со луѓе и за компензација на тргуваните лица. http://nadoknadimo.org/home?locale=mk