ИРИС Балкан Медиа Караван

SOS: 0800 11111

ИРИС Балкан Медиа Караван

Во склоп на проектот ИРИС Вмрежување, спроведуван од Развој и соработка (ИДЦ) со партнерите АСБ Југоисточна Европа, ЛИР ЦД БиХ, Ла Страда-Отворена Порта Република Северна Македонија, Иницијатива за социјални промени АРСИС Албанија и СОС ТЕЛЕФОН Црна Гора, се организира Медија караван за 20 новинари кои во 6 дена ќе поминат 3 земји и ќе посетат 7 прифатни центри за бегалци и 10 организации кои директно работат со бегалците.

Почетната точка на караванот беше во Скопје, каде што добредојде им посака нашата Стојна Атанасовска заедно со Љубинка Брашнарска – претставничка на УНХЦР Скопје.

Медиа Каравнот од Скопје ќе го продолжи својот пат кон Србија па кон Босна, новинарите вклучени ќе имаат шанса одблиску да разговаараат со луѓето кои даваат директна помош и поддршка на бегалците и мигрантите и да ги посетат транзитните центри во овие земји. Понатаму, сите тие ќе креираат репортажи од патот и од приказните кои ќе ги слушнат.