#ОтвориОчи

SOS: 0800 11111

#ОтвориОчи

 

#ОтвориОчи цели кон будење на свеста, најпрво кај младите, но и за општата јавност преку снимање и проекција на краткометражен филм.

“Преку гледањето на филмот имаме цел да пробудиме емоции во гледачите преку пат на емпатија, тага, страв, коишто ќе им внесат желба да се запознаат повеќе со темата. Исто така жртвите коишто поминале низ нешто такво да се охрабрат и да стекнат доволно надеж да ја кажат својата приказна. Филмот ќе се базира врз приказната на Нора (16 години), којашто е жртва на трговија со луѓе. Сценариото ќе биде направено по изјавата на Нора.”