Мрежата ИРИС ги обединува граѓанските организации во Македонија за да ги подобрат социјалните услуги !

SOS: 0800 11111

Мрежата ИРИС ги обединува граѓанските организации во Македонија за да ги подобрат социјалните услуги !

Денес 28.09.2018, на партнерскиот состанок, Регионалната мрежа ИРИС ги обедини 18 Граѓански организации од Македонија кои што во наредните четири години ќе се залагаат  да ги подобрат социјалните услуги наменети за ранливите категории на граѓани.

Мрежата ИРИС во Македонија ќе се залага да ја зајакне улогата на граѓанските организации кои обезбедуваат различни видови на социјални услуги и ќе ги поттикне да земат активно  учество во градењето на социјалните политиките за различни ранливи групи низ цела Југоисточна Европа и да осигура дека овие организации се признаени како еднакви партнери од страна на јавниот сектор.

На  состанокот организациите се согласија дека ќе ги обединат своите сили со цел да обезбедат:

  • Зголемен квалитет на социјалните и правните услуги што ги обезбедуваат преку градење на капацитетите
  • Зголемена социјална кохезија на локалните заедници преку иницијативи за мрежно поврзување на граѓанското општество
  • Зајакната национална / регионална координација на ГО и јавните институции во управувањето со миграцијата
  • Влијанија врз процесите на реформите во социјалната свера.