Националната конференција за проактивна и координирана борба

SOS: 0800 11111

Националната конференција за проактивна и координирана борба

Националната конференција за проактивна и координирана борба против трговија со луѓе со фокус на трудова експлоатација
Промоција и примена на индикаторите за идентификација на жртви на трговија со луѓе.
5ти декември, 2014, Скопје, Македонија
Идентификацијата на жртвите на трговијата со луѓе продолжува да биде еден од најголемите предизвици во борбата против овој феномен не само во Македонија туку и во светот. За жал, и денес, после толку донесени конвенции, стратегии и мерки многу од жртвите остануваат неидентификувани и, како последица, се предмет на континуирана експлоатација, без можност за пристап до правата. Идентификацијата на жртвите на трговија со луѓе, или потенцијалните жртви, е првиот чекор кон обезбедување на помош и заштита и е од витално значење за обезбедување на нивните човекови права.

PDF