ОТВОРЕНА ПОРТА објавува ОГЛАС за нови 11 работни позиции

SOS: 0800 11111

ОТВОРЕНА ПОРТА објавува ОГЛАС за нови 11 работни позиции

ОГЛАСОТ Е ЗАТВОРЕН

ОТВОРЕНА ПОРТА објавува ОГЛАС за нови 11 работни позиции и тоа:
Координатор – (1 Извршител)
Тим лидери – (2 Извршители)
Социјални работници- (2Извршители)
Психолози-(2Извршители)
Доктори-(2Извршители)
Помошен персонал-(2 Извршители)
Кои ќе работат како теренски работници за првична идентификација, психо-социјална
поддршка и упатување на лица под ризик во процес на миграција на Табановце.
Програма/ тим: Програма за поддршка на мигранти и баратели на азил
Цел на работно место: Првична идентификација, психо-социјална поддршка и упатување на
лица под ризик во процес на миграција.
Супервизор/ непосреден раководител: Раководител на Програма за поддршка на мигранти
И баратели на азил од Отворена Порта
Одговорности:
Реализација на оперативниот план за теренска работа (првична идентификација психо -социјална поддршка и упатување на лица под ризик во процес на миграција.)
Упатување на лицата под ризик до соодветните услуги од системот и институциите.
Задачи
Да спроведува теренска работа ( 40 часа неделно) преку директно советување и упатување на мигрантите лоцирани на јавните места во Табановце
Да даде јасни информации и насоки на мигрантите и да им го олесни контактот до институциите
Да обезбеди емоционална поддршка
Да ги информира мигрантите за нивните права, и да ги обезбеди со инфо материјали и контакт каде можат да побараат помош во случај на потреба
Да идентификува лица со видливи знаци за претрпено насилство, експлоатација, психо-физички проблеми.
Период: октомври 2015-декември 2015
Потребни квалификации:
Универзитетска диплома
Познавање на англсиски јазик и работа со компјутери (MC Office)
Минато искуство:
-Основни познавања за психо-социјална поддршка и упатување на лица под ризик
-Практична работа со лица под ризик ќе се смета за предност
Место: Лицaта да се со живеалиште во Куманово или околината каде ќе се спроведува оперативниот план
Способности и вештини:
Возачка дозвола
Одлични комуникациски вештини
Емпатичност
Флексибилност
Тимска работа

Заинтересираните кандидати да испратат своја биографија и мотивациско писмо најдоцна до 30.09.2015 на емаил: [email protected]
Ќе бидат контактирани кандидатите кои ги задоволуваат критериумите.