Повик за изработка и спроведување на младински кампањи

SOS: 0800 11111

Повик за изработка и спроведување на младински кампањи

Доколку сте млади на возраст од 17-26 години и имате идеја за изработка и спроведување на младинска локална кампања во форма на уметнички изложби, музички или актерски перформанси, фото инсталации, дебати, социјални мрежи и платформи или друг вид на иновативно и креативно изразување ве охрабруваме да се пријавите на повикот на Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта.

Младинските локални кампањи треба да ја обработуваат  темата „Трговија со луѓе‘‘.

Пријавувањето треба да биде во тимови од два до најмногу четири учесника.

Тимот потребно е да испрати:

  • Кратка биографија на македонски јазик за секој член на тимот.
  • Мотивационо писмо.
  • Пополнет образец

Документите испратете ги на lastrada@lastrada.org.mk со наслов Младинска локална кампања. Крајниот рок за доставување на пријави е 30 јануари 2019.

Целиот оглас симнете го овде.