Информирање и лобирање

SOS: 0800 11111

Програмата за Информирање и лобирање на Ла Страда Македонија има за цел:

– Да го стави прашањето на трговијата со луѓе цврсто на политичката агенда,
– Да ја подигне јавната свест,
– Да поттикне јавна дебата и
– Да го следи спроведувањето на мерките против трговијата со луѓе.

Првиот чекор  е препознавање на трговијата со луѓе како кршење на човековите права, како од страна на пошироката јавност  така и од страна на властите. Активностите за Информирање и  Лобирање се фокусираат на:

– Спроведувањето на стандардите за човекови права за третман на тргуваните лица,
– Спроведувањето на Протоколот на ОН за трговија со луѓе и Конвенцијата за трговија во рамките на Советот на Европа,
– Ефикасно гонење на сторителите,
– Развој и спроведување на национални акциски  планови,
– Воспоставување на Националната известувачи и
– Признавањето на улогата на невладините организации и други релевантни актери на граѓанското општество.

Во текот на годините Ла Страда Македонија активно лобираше за подобрување на програмите за заштита и подобар пристап до правна помош и заштита на човековите права на жртвите на трговија и останатите маргинализирани групи, како и за превенција од трговија со луѓе. Во рамките на Ла Страда  мрежата, организацијата лобираше за:

– Донесување на минимум стандарди за помош за жртвите на трговија со лица, вклучувајќи и дозволи за престој,
– Програми за заштита на сведоци, пристап до пазарот на трудот и образование, обезбедување на сместување, достапност на правна помош и доброволно и безбедно враќање, вклучувајќи проценка на ризикот и надомест на штета.