Превенција и едукација

SOS: 0800 11111

Отворена Порта во рамките на своите активности става акцент на кампањата за превенција и едукација како основен предуслов за заштита на младите од трговија со луѓе. Поради фактот што старосната граница на жртвите е драстично намалена и се поголем број на жртви се деца, „Отворена порта“ во последниве години во своите превентивни активности се насочува кон децата.
Отворена Порта спроведува превентивни и едукативни активности помеѓу ранливата популација во училиштата и останатите институции, подобрувајќи го нивното знаење, вештини и способности. Активностите се однесуваат на:
– Превентивни работилници со децата под ризик, преку посета на основни и средни училишта, факултети
обуки за врснички едукатори
– Дистрибуција на превентивно едукативен материјал,
– Информирање, советување и поддршка преку единствената, бесплатна СОС телефонска линија во државата
– Обука на професионалците од полицијата, центрите за социјална работа, образовните институции, медиумите, членките на националната мрежа од невладини организации БУДНОСТ за борба против трговија со луѓе и сите оние кои можат да дадат свој придонес и да им помогнат на тргуваните лица.