Социјална асистенција

SOS: 0800 11111

Програма за директна помош и поддршка содржи најразлични услуги создадени токму за помош и за поддршка на жртвите од трговија со луѓе. Сите услуги кои се обезбедуваат имаат за цел надминување на траумите на жртвите преку активности за стабилизација, а во напредната фаза од процесот на поддршка, нивно зајакнување и целосна интеграција во средината во која ќе живеат.

Програмата ги вклучува следнте сервиси:

– Обезбедување на сигурно сместување;
– Обезбедување на хуманитарна помош;
– Медицинска помош;
– Специјализирано психо-социјално советување;
– Правно советување и застапување во судски процеси;
– Образование и дополнителна професионална квалификација;
– Зајакнување на вештините за барање работа;
– Координација и соработка со релевантните организации и институции.

Програма за придружна социјална работа за социјално ризични категории наменета за лица под висок ризик од трговија со луѓе и тргувани лица кои не се сместени во прифатилиштето, а на кои покрај услугите од програмата за директна помош и поддршка дополнително им се обезбедува:

– Индивидуално и семејно советување;
– Олеснување на пристапот до соодветни услуги на локално ниво; и
– Долгорочна емоционална поддршка.

Работа со деца повратници од земјите на ЕУ која вклучува активности насочени кон давање на индивидуална поддршка на родителите и децата со цел полесно вклопување во општествената средина и која вклучува:

– Хуманитарна помош;
– Навремено вклучување во образовниот процес на детето;
– Помош и поддршка при остварување на здравствена и социјална заштита;
– Помош на децата полесно да се вклопат во општествената средина по нивното враќање од земјите членки на ЕУ;
– Индивидуално и семејно советување;
– Олеснување на пристапот до соодветни услуги на локално ниво; и
– Долгорочна емоционална поддршка.

Програма за поддршка на баратели на азил

Отворена порта спроведува програма за Ранливи категории на лица во процес на мигрирање кои имаат потреба од итна интервенција, стручна помош и поддршка во Р. Македонија. Програмата се однесува на лица кои се сместени во Центарот за баратели на азил, а припаѓаат во следниве категории на лица:

– Непридружувани малолетници баратели на азил;
– Семејства кои се баратели на азил;
– Самохрани родители со деца;
– Жртви на сексуално и родово базирано насилство.

Целите на програмата се повеќекратни и вклучуваат помош на сместените лица полесно и поуспешно да се вклучат во тековните процеси на општественото живеење, односно успешна интеграција во општеството. Дополнително целта е да спроведе социјална односно општествена медијација помеѓу потребите на овие лица и системот за подршка кој е создаден од страна на државата и им стои на располагање на барателите на азил.

Активностите во рамки на програмата вклучуваат:

– Индивидуални психо-социјални советувања на коисниците на програмата;
– Групни едукативно – окупациски работилници;
– Основни часови по Македонски јазик;
– Подигање на свеста на населението за проблемите и потребите на барателите на азил.