Регионална социјална академија

SOS: 0800 11111

Регионална социјална академија

Од 26-29 ноември 2018 во Белград се одржа Регионална социјална академија организирана од #IRIS.

Две лица беа селектирани од Македонија за учество на истата  и имаа можност да следат различни тематски предавања од врвни експерти и истражувачи кои работат во областа на миграцијата.

Регионалната академија обезбеди одлична можност за размена на искуства, знаења, позитивни практики и методи за работа со посебен фокус на ранливите категории бегалци и мигранти. Исто така, беа организирани студиски посети на бегалски камп и училиште во Белград како позитивен пример за интеграција на бегалците на регионално ниво. Исто така, регионалната академија беше одлично место за градење на нови проектни идеи, подобрување на соработката со организациите од другите држави каде мрежата #ИРИС е активна.

Повеќе информации можете да најдете на: https://www.facebook.com/events/1110891832411160/permalink/1156195944547415/

Оваа активност ќе се повторува и во следните години и секако навремено ќе бидете известувани за да можете да аплицирате.