Соочување со траумата преку арт терапија- работилница за бегалци и мигранти

SOS: 0800 11111

Соочување со траумата преку арт терапија- работилница за бегалци и мигранти

Во периодот од 6ти до 10ти февруари, во Центарот за баратели на азил во Визбегово се одржаа пет од петнаесет планирани работилници наменети за бегалците и мигрантите баратели на азил, со методот на терапија со уметност- или арт терапија.

На овие работилници учествуваат 45 лица на различни возрасти, кои доаѓаат од Сирија, Иран и Косово. Арт терапијата претставува креативен пристап кон соочувањето со доживеана траума. Учесниците имаат прилика да изработуваат накит, да цртаат и сликаат, притоа комуницирајќи со терапистите, во разговор, но и преку уметничката творба. Приодот на арт терапијата овозможува лицето и терапистот да се поврзат преку творбата, која претставува фокус за дискусија и анализа.

Дополнителна цел на овие работилници е да ја подигнат самодовербата, но и јавната свест за сериозноста на состојбата во која се наоѓаат бегалците и мигрантите. Работилниците се дел од Проектотна УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведен од страна на Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена порта/Ла Страда.