Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени

SOS: 0800 11111

Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе – Отворена порта Ла страда, го промовираше проектот Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени: Препознај, почитувај и остварувај права“ финансиран од Европската Унија.

Неговото спроведување треба да овозможи зајакнување на граѓанските организации во Македонија, како и нивна можност за финансирање преку програма за ре-грантирање за поддршка на здруженија на граѓани кои што делуваат во областа на заштитата на човековите права (жени, деца, социјални права, миграција, организиран криминал вклучувајќи ја и трговијата со луѓе и експлоатацијата).