Усвоен нов Ла Страда стратешки план 2016-2020

SOS: 0800 11111

Усвоен нов Ла Страда стратешки план 2016-2020

Усвоен нов Ла Страда стратешки план 2016-2020

На 20-от Генералено собрание на Ла Страда Мрежата  која се одржа во мај, во Скопје, се усвои нов Старешки план за 2016-2020. Овој нов стратешки план ги претставува клучните стратегии кои Ла Страда -LS ќе ги примени во години кои следат за да се осигура дека правата на тргуваните лица се почитуваат, признаваат и  реализираат. Целта  на LS мрежата  е да ги реализира правата преку  поддржување на невладиниот сектор кој ќе продолжи да дава високи квалитетни услуги  базирани на потребите, искуствата и во најдобар интерес на тргуваните лица и ризичните  групи. LS ги поддржува невладините организации да останат независни и критички настроени како и да вршат мониторинг на напорите на Државата се со цел да се увиди  дали се почитуваат   правата на тргуваните лица во нивното секојдневно работење.

LS верува дека  признавањата на правата на жените, сексуалните работнички, работниците  и мигранти се значајни за превенција на луѓето од ескслплоатација и злоупотреба. Затоа LS има за цел да изгради стратешко партерство со интернационалните организации и други социјални движења во развојот на социјалната агенда за адресирање на трговијата со луѓе. За да ги реализира своите цели LS во иднина ќе работи на одржливост на мрежата и ќе се труди да биде  водечка мрежа од која што може да се учи.