Зајакнуавање на соработката на граѓанските организации за заштита на децата од експлоатација

На 25 април.2015, во Скопје, Отворена порта организираше тркалезна маса насловена: „Зајакнуавање на соработката на граѓанските организации за заштита на децата од експлоатација‘‘. На овој настан учествуваа 25 преставници од граѓански организации од Македонија кои што имаат улога во превенцијата и заштитата на децата од експлоатација.

Агендата на оваа платформата беше поделена во два дела: теоретски и практичен дел. Во првиот дел беа презентирани резултатите на проектот и притоа присутните имаа можност да се здобијат со информации за состојбата со трговија со луѓе во Македонија, негативни последици од предвремените бракови врз психо – физички развој на децата како и состојбата со детските бракови помеѓу ромската заедница во Република Македонија и законската регулатива. Во вториот дел од тркалезната маса, учесниците работеа во групи со цел идентификување на причините за зголемената ранливост на децата од експлоатација и предлог мерки за надминување на состојбата.

Беа усвоени следниве препораки:

  • Институционална соработка
  • Поддршка и градење на партнерство во имплементацијата на социјалните сервиси
  • Креирање на дата база
  • Создавање на веб страна
  • Отварање на дневни центри во Ромските заедници
  • Зголемување на свеста(родители и деца)
  • Вклучување на локалната самоуправа во креирање на политики на деца
  • Обезбедување на средства од страна на локалната самоуправа и државата и др.

Тркалезна маса даде одлична можност за вмрежување помеѓу организациите, меѓусебна размена на информации од теренот и поттикна одлична дискусија за натамошно дејствување во борбата против експлоатација на децата. Организациите се обврзаа во понатамошното дејствување да се насочат кон остварување на предложените мерки за подобрување на состојбата со децата.