За нас

SOS: 0800 11111

Визија

Отворена Порта е водечка самоодржлива организација во Македонија, препознаена на национално и меѓународно ниво по својата посветеност, истрајност и професионалност, како и фокусираност на потребите и интересите на тргуваните лица и ранливите групи.

Отворена Порта се стреми кон создавање на општество ослободено од нееднаквост, сиромаштија, дискриминација, родово базирано насилство, трговија со луѓе и експлоатација, каде во целост се почитуваат човековите права и постојат еднакви можности за социо-економска независност на сите граѓани.

.

Мисија

Отворена Порта е здружение на граѓани, кое ги промовира човековите права и ги застапува интересите и потребите на лицата кои се под ризик или претрпеле насилство и трговија со луѓе преку превенција, социјална поддршка и лобирање на национално и европско ниво преку членството во Ла Страда Интернационална- Европска мрежа за борба против трговија со луѓе. НИЕ обезбедуваме заштита, зајакнување на капацитетите и интеграција на тргуваните лица и другите ранливи групи во општеството.

Пристап

Човековите права мора да бидат основата за било која стратегија за борба против трговијата со луѓе. Доверливост и чување на личниот идентитет, невиктимизирачко и недискриминирачко однесувње во поддршката на жртвите на трговија со луѓе.

Волонтери

Отворена Порта верува дека општество без волонтери е статично, општество кое заостанува зад другите, затоа што ентузијазмот на поединците е вредност која преставува главен дигател на промените кон подобро.

Отворена Порта го поддржува волонтеризмот и им овозможува на социјалните работници, психолози, правници и педагози да ги надградат своите капацитети и да ги развијат своите вештини, преку волонтирање во организацијата. Отворена Порта редовно организира и спроведува обуки наменети за волонтерите а подоцна им обезбедува и практична работа и реализирање на разни активности преку програмите на организацијата.

Вклучи се и ти

Извршен тим

Card image cap
Јасмина Д. Рајковска

Извршен директор

Card image cap
Марија Тодоровска

Програмски директор

Card image cap
Маја Варошлија

Раководител на Прог. за директна поддршка

Card image cap
Стојнa А. Димишковска

Раководител на Програма за прев. и еду.

Card image cap
Билјана Јовановска

Раководител на проект

Card image cap
Ленче Марковиќ

Раководител на проект

Ла Страда

Бидејќи трговијата со луѓе е меѓународен проблем, од тука и напорите за превенција и борба против овој проблем се на интернационално ниво. Од таа причина Отворена Порта го третира овој проблем на меѓународно и национално ниво вклучувајќи се во Ла Страда мрежата во февруари 2001. Ла Страда мрежата се состои од 8 организации од Белорусија, Бугарија, Чешка Република, Македонија, Молдавија, Холандија, Полска, Украина и интернационалниот секретаријат со седиште во Амстердам, Холандија.

Ла Страда мрежата е насочена кон кон проширување на меѓународната соработка, размена на знаења, информации и искуства, помеѓу нејзините членови и давање поддршка на невладини организации за прашањето на трговијата со луѓе. Во рамките на Ла Страда мрежата, сите членови лобираат на меѓународно ниво пред институциите на Европската Унија и Организацијата на Обединетите Нации и ги застапуваат и бранат правата и интересите на тргуваните лица. На локално ниво, Ла Страда развива соработка со националните владини тела и обезбедува заштита и превентивни активности за тргуваните лица и лицата кои што се наоѓаат во ранлива позиција и се под виско ризик од трговија со луѓе.

Денес Ла Страда е водечка европска мрежа со 15 годишно искуство, препозната по својата работа и експертиза од страна на националните влади и меѓународни институции која што својаата политика ја насочува против трговијата со луѓе, назат кон суштината, а тоа е: Да запре експлоатацијата, насилството и злоупотребата.

Признанија и пофалници

Како резултат на долгогодишниот труд во борбата против трговија со луѓе Отворена порта е наградена со многу признанија и благодарници. Во 2009 година Отворена Порта ја освои првата награда за социјална интеграција за проектот„ Превенција од трговија со деца“ од Erste Foundation- во конкуренција на 1300 проекти од 8 држави. Добиените признанија за трудот и посветеноста се дополнителна мотивација на Отворена Порта да продолжи и понатаму со истиот интезитет на работа. Токмy поради тоа, Отворена Порта сака да ја изрази својата благодарност и задоволство на оние кои што ја следат нејзината работа и искредно ја вреднуваат. Ова се дел од нашите признанија:

Видеа

Донатори