Проект SPOT ON!  –Државна одговорност за гонење на трговијата со луѓе

Отворена порта/Ла Страда, Северна Македонија е партнер во регионалниот проект SPOT ON, заедно со Ватра Психосоцијалниот центар од Албанија како партнер, и АСТРА од Србија како водечка организација.

Во рамките на овој проект, се осврнуваме на анализа на состојбата, трендовите и практиките во однос на положбата и третманот на жртвите на трговија со луѓе во правосудниот систем, пристапот до правдата, учеството во кривичната постапка и пресудите за кривично дело трговија со луѓе.

Проектот опфаќа три дела. Првиот дел се однесува на презентирање на постојните и развивање на нови методологии за собирање, обработка и анализа на судски пресуди за кривично дело трговија со луѓе и други сродни кривични дела (посредување во проституција и трговија со малолетни лица за посвојување).

Вториот дел на активности вклучува собирање пресуди и креирање на Анализа на судските практики за секоја земја во проектот.

Сите верзии на анализите ќе бидат двојазични – на локален јазик и англиски превод!

Третиот дел се однесува на креирање документи и материјали врз основа на наодите од претходно спроведените анализи, кои ќе послужат како извори на информации, знаења и трендови кои долгорочно ќе можат да се користат за понатамошно истражување и застапување, со што ќе се влијае на подобрување. на судските практики и положбата и третманот на жртвите на трговија со луѓе во кривичната постапка.

Целта на проектот е да придонесе за зајакнување на демократијата, владеењето на правото, а со тоа и процесот на пристапување во ЕУ за Србија, Македонија и Албанија, во однос на преземање на државната одговорност во борбата против трговијата со луѓе како форма на организиран криминал.

Проектот SPOT-ON! Државна одговорност за гонење на трговија со луѓе OFF/ON! е поддржан како регионален грант и е дел од проектот „SMART Balkans – Civilno društvo za povezan Zapadni Balkan“  имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (CRPM) и Институтот за демократија и медијација (IDM),  финансиски поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Норвешка (NMFA).