Јавен повик: Истражување на социо-економскиот контекст на радикализација и насилен екстремизам

Истражување на социо-економскиот контекст

на радикализација и насилен  екстремизам

 

ЈАВЕН ПОВИК за:

(1) експерт консултант и (5) експерти теренски истражувачи за  спроведување на

Истражување за социо-економскиот контекст на радикализација и насилен екстремизам во целните општини во Северна Македонија

 

За Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе – Отворена порта / Ла Страда Македонија

Отворена порта – Ла Страда е здружение на граѓани, кое ги промовира човековите права и ги застапува интересите и потребите на лицата кои се под ризик или претрпеле насилство и трговија со луѓе преку превенција, социјална поддршка и лобирање на национално и европско ниво преку членството во Ла Страда Интернационална- Европска мрежа за борба против трговија со луѓе.

НИЕ обезбедуваме заштита, зајакнување на капацитетите и интеграција на тргуваните лица и другите ранливи групи во општеството.

Позадина на проектот

Проектот „Градење на отпорни и инклузивни заедници“, ја поддржува целта да се изградат локални отпорни заедници против насилниот екстремизам и радикализација преку градење капацитети и поддршка на заедниците и ранливите групи во процесот на П/СНЕ[1] и рехабилитација и реинтеграција (РР) во земјата. Со интервенцијата, проектот се стреми да ги зајакне постојните институционални П/СНЕ и РР на централно и локално ниво за да ги направи одговорни преку активно ангажирање во процесот на П/СНЕ и РР  за лицата на кои им е потребна, и да ги зајакне заедниците да станат отпорни против насилниот екстремизам, преку промовирање на социјална кохезија и алтернативи. Активностите на проектот се усогласени и компатибилни со националните стратешки документи за П/СНЕ и националниот план на земјата соодветно да се справи со овие прашања и да ги подобри услугите притоа обезбедувајќи соодветна поддршка на поединците и заедниците на кои им е потребна. Активностите ќе бидат фокусирани на спроведување на проценка на социо-економските аспекти  од насилниот екстремизам , развој на оперативни документи и градење на капацитетите на државните институции на централно и локално ниво и другите вклучени актери, олеснување на размена на искуства во рамките на балканскиот регион и активности кои ќе го поддржат ангажманот на заедницата и социјалната кохезија за учениците, локалните актери, медиумите и религиозните групи.

Цел, опсег и задачи

 

Истражувањето треба да го идентификува и истражи социо-економскиот аспект и клучните фактори кои влијаат на радикализацијата и насилниот екстремизам во општините, вклучително и социо-економските, политичките и културните двигатели.

 

Целта на истражувањето е подобро да се идентификуваат социо-економските ранливости, положбата на ранливите групи и изворите на помош за справување со тие ранливости. Прашањето од интерес е улогата на социо-економските фактори како основа за регрутирање на одредени категории млади и жени во насилен екстремизам и радикализам и пошироката перспектива на изворите на ранливост, опфаќајќи ги и индивидуалните и аспектите на заедницата. Истражувањето ќе придонесе за разбирање на можностите, предизвиците и динамиката на моќта поврзани со  П/СНЕ. Дополнително, извештајот ќе обезбеди подобро разбирање на состојбата во земјава ,локалниот  контекст на насилен екстремизам, како и потенцијални начини за нивно соодветно решавање.

 

Испораки на резултати

 

Методологија

Анализа на податоци, теренски посети, експертски интервјуа, најмалку шест фокус групни дискусии

Извештај за истражувањето

Презентација на истражувањето

 

Истражувањето треба да биде насочено кон конкретни локални заедници и да се спроведува во период од најмногу 6 месеци почнувајќи од февруари – март 2022 година. Предвидува состав на тим со соодветно искуство, 1 главен истражувач со ангажман од најмногу 20 дена и 5 помошни членови со ангажман најмногу 15 дена.

 

Методологија и алатки за собирање податоци

 

Давателот на услугата се охрабрува да користи комбинирани методологии, квантитативни и квалитативни извори за да ги собере потребните податоци за подготовка на истражувањето, наодите и препораките. За време на собирањето на примарни и секундарни податоци, давателот на услугата ќе се консултира и тесно ќе соработува со Отворена Порта/Ла Страда.

 

Квалификации за давателот на услугата

 

Давателот на услугата (или тимот) мора да ги исполнува следните карактеристики:

✔ Високо образование  по општествени науки, статистика, социологија, економија и сродни области на студии, магистерска и  докторат е значајна предност.

✔ Најмалку пет години работно искуство во истражување на општествените науки и анализа на податоци или во меѓународна организација, академија или слична средина. Искуството со квалитативно истражување е важна предност.

✔ Искуството со работа на истражување поврзано со насилниот екстремизам е од суштинско значење и да се знае и да се разбере контекстот на насилниот екстремизам/радикализација П/СНЕ

✔ Знаење, вештини и искуство во истражување и евалуација (вклучително и на слично чувствителни теми);

✔ Познавање и разбирање на локалниот политички, економски и социјален контекст;

✔ Познавање на локалниот јазик;

✔ Дизајнирање и приспособување на методологиите и алатките за собирање примарни податоци (на пр. прашалник, интервјуа, дискусии во фокус групи);

✔ Искуство во примена на техники за земање примероци, доколку е потребно;

✔ Свесност за локалната динамика и етичките размислувања при собирањето податоци;

✔ Достапност да се води тим од поединци и/или помошен персонал кој ќе биде вклучен во собирањето податоци и завршувањето на задачите

✔ Зрелост и професионална способност за ракување со чувствителни информации и способност за почитување на доверливоста на таквите информации додека работите со Отворена Порта, па дури и по завршувањето на договорот.

 

Краен рок за поднесување на апликацијата

 

Предлозите треба да се испратат до  Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта до 24 јануари 2022 година на lastrada@lastrada.org.mk.

Апликантот во предметот ќе цитира „Апликација за изработка на Истражување за социо-економскиот контекст за радикализација и насилен екстремизам во целните општини“.

 

Процес на аплицирање

 

Предлозите треба да бидат на македонски јазик, да ја следат структурата и/или да се усогласат со барањата наведени подолу:

✔ Кратка позадина на давателот на услуги (тимот) со истакнување на релевантно истражување и претходно искуство со истражување, собирање податоци, нацрт на анализа, извештаи и/или П/СНЕ и РР

✔ Објаснување за тоа како давателот на услугата ќе се посвети на извештајот од истражувањето

✔ Предлог методологија/и кои ќе се користат

✔ Пристап во однос на методологијата, временската рамка, прибирањето на примарни и секундарни податоци

✔ Состав на тимот со релевантна кратка биографија за секој член на тимот (1 главен истражувач и 5 придружни членови)

✔ Најмалку 2 претходно спроведени релевантни истражувања (да се приложат како посебни документи)

 

 

[1] Превенција на насилен екстремизам и спротивставување на насилен екстремизам.