ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ МАЛИ ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ АКЦИИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРОТИВСТАВУВАЊЕ НА НАСИЛНИОТ ЕКСТРЕМИЗАМ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Референтен број на проектот: 2022)5177101 -15/07/2022

Во рамки на програмата IPA /2022/434-553 

Рокот за поднесување на апликациите е продолжен до: 15.11.2023  до 23:59 часот.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ МАЛИ ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ АКЦИИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И СПРОТИВСТАВУВАЊЕ НА НАСИЛНИОТ ЕКСТРЕМИЗАМ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта/Ла Страда “ во рамки на проектот ,,Активно вклучување и влијание на сите актери во превенција и спротивставување на насилен екстремизам во Северна Македонија” финансиски поддржан од Европската Унија објавува:

Јавен повик за доделување мали грантови на локални граѓански организации да реализираат проекти во заедницата насочени кон спречување и спротивставување на насилниот екстремизам во Северна Македонија.    Силно се препорачуваат и имаат предност проекти коишто содржат конкретни интервенции или акции на терен со влијание  вклучително  во општините  Куманово, Кисела Вода и Гази Баба. 

Општа цел на повикот е да се зајакнат локалните организации во Северна Македонија во нивните напори да изградат и да ја зголемат отпорноста на заедницата кон насилен екстремизам преку создавање локални партнерства и заеднички акции за спротивставување на насилен екстремизам, како и превентивни активности и иницијативи.

Специфични цели се:

– Да се поддржат грасрут организациите во воспоставувањето партнерства помеѓу ГО, јавниот сектор, младинските здруженија и другите релевантни чинители, 

на ниво на заедницата за да се поттикне локалниот одговор за спречување и спротивставување на насилниот екстремизам во Северна Македонија.

– Да се поддржат грасрут организациите и ГО во спроведувањето пилот проекти за справување со основните причини за насилниот екстремизам на ниво на грасрут

 

Вкупниот фонд за поддршка е 30.000 EUR. Максималниот  износ на грант  изнесува 5.000 EUR во денарска противвредност.

Времето за спроведување на проектот не може да биде пократко од 6 месеци и подолго од 12 месеци. Проектите треба да се спроведат од 1 декември 2023 до 30 ноември 2024 година.

Повикот за мали грантови е отворен од  24 .август 2023 до 26 .октомври 2023 година.  

Пријавите се доставуваат по електронски пат на следнава адреса: kontakt@lastrada.org.mk .

Ненавремените пријави нема да бидат земени во предвид при оценувањето и ќе бидат отфрлени.

Прашања и појаснувања во врска со повикот можат да бидат поставени по писмен пат на e-mail: kontakt@lastrada.org.mk најдоцна до 30.09.2023 година. Сите одговори ќе бидат јавно објавени на веб страната на Отворена порта:  www.lastrada.org.mk

Краен датум за поднесување на апликациите: 15.10.2023  до 23:59 часот. Краен датум за поднесување на апликациите е продолжен до: 15.11.2023  до 23:59 часот.

Целиот повик и обрасците за пријавување и буџет можете да го преземете на линковите наведени подолу:

Јавен оглас за мали грантови -продолжен рок за апликација

Упатство за пополнување на обрасци 1

Прилог 1- Образец за пријава

Прилог 2-Образец за Буџет