Четврт мониторинг извештај -Следење и евалуација на законите и политиките за дејствување против трговијата со луѓе

На 23 декември 2022 го презентиравме Четвртиот мониторинг извештај -Следење и евалуација на законите и политиките за дејствување против трговијата со луѓе и нивно спроведување во Република Северна Македонија за периодот 2020-2021.
Овој извештај дава приказ за напредокот на Северна Македонија во четири од седум области против трговијата со луѓе, и тоа:

📌 идентификација,
📌 помош,
📌 обесштетување и
📌 институционална рамка и соработка.

‼️Се претстави моменталната состојба на трговија со луѓе, најновите промени во законите и политиките и како е во пракса која беше дискутирана со главните чинители, одговорните институции, давателите на услуги и граѓанските организации.
Извештајот е подготвен во рамките на програмата ,,Слушнете го гласот на тргуваните лица и борете се против организираниот криминал” финансиски поддржан од Европската Унија.