Архива
Денес, по повод Светскиот ден за борба против трговијата со луѓе, Отворена Порта и Меѓународната мрежа Ла Страда Интернационал потсетуваат дека најдобар начин да се заштитат тргуваните лица е да се осигура дека нивните права се почитуваат и се промовираат !

ИЗЈАВА НА МЕЃУНАРОДНАТА МРЕЖА ЛА СТРАДА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ!

Новост | #Почитување на правата - LSI изјава за Светскиот Ден за борба против трговија со луѓе

#RespectRights

Изјава од Ла Страда Интернационал за првиот Светски Ден за борба против трговија со луѓе

На денешен ден 30 јули, се одбелжува Светскиот Ден за борба против трговија со луѓе: Генералното Собрание на Обединетите Нации го назначи овој ден како “подигање на свеста за ситуацијата на жртвите на трговија со луѓе и за промоција и заштита на нивните права”.

Обединетите Нации ги поттикнуваат сите луѓе низ светот да ја изразат својата солидарност и заедно со милионите жртви на трговија со луѓе да се  вклучат на #igivehope campaign, преку социјалните мрежи и правејќи го тоа, симболично да им се даде надеж на милионите тргувани лица која им е одземена од страна на трговците. 

Ла Страда Интернационал (LSI)го поздравува овој прв Светски Ден за борба против трговијата со луѓе на Обединетите Нации и е задоволна што фокусот на денешниот ден е насочен кон ситуацијата на тргуваните лица. Не само што нивната надеж беше одземена најважно, тие беа лишени од нивните основни права. Човековите права на луѓето кои беа тргувани се нарушени на повисока скала.  Првенствено од страна на тие што ги експлоатираат и малтертираат, но иронијата  е во тоа што истото им се случува и од страна на владите кои што треба да ги заштитуваат.

Лицата кои беа тргувани имаат права на заштита и поддршка, во согласност со основните човекови права и заедничко со законодавството за борба против трговијата со луѓе  како што се  Палермо Протоколот при Обединетите Нации, Советот на Европската Конвенција за борба против трговијата со луѓе и ЕУ Директивата за заштита и борба против трговијата со луѓе  како и заштита на жртвите. Тоа се следните права : пристап до прифатилиште и основна заштита, рефлектирање пред сведочење, пристап до бесплатна правна помош, привремен престој, финансиски надомест за направената штета и не исплатените плати и не казнување на стореното дело како резултат на тргувањето.

Овие права ќе им помагаат на тргуваните лица да закрепнат и да им дадат можност да го обноват својот живот. За жал правата на тргуваните лица често се непочитувани  и ги ставаат во ранлива позиција за можност од нивно повторно тргување.  Постои голем јаз помеѓу правата на жртвите на трговија со луѓе кои се назначени на хартија и нивните права кои се гарантирани во пракса.

Ла Страда Интернационал(LSI) НВО платформна кампања One Story Two Outcomes  кој беше лансирана за денот  на Човековите Права  во декември 2013 година, се повикува за целосна имплементација на законската легислатива за борба против трговијата со луѓе во врска со промоцијата и заштитата на правата на тргуваните лица. Кампањата ја кажува приказната за Ана, жена која беше ослободена од страна на полицијата откако беше експлоатирана од страна на нејзиниот  работодавец. Тоа што на нејзе и се има случено, отсликува што значи за една индивидуа кога нејзините права не се почитуват и што се случува кога се почитуваат.

Денес на овој прв Светски Ден во борбата против трговијата со луѓе, Ла Страда Интернационал (LSI) ги повикува сите оние кои сакаат да ја покажат својата солидарност со тргуваните лица да ги повикаат своите влади да го направат  она кон што се обврзале во согласнот со меѓународните легислативи: почитување и промовирање на правата на тргуваните лица и да им се даде можност да ги обноват своите животи.

 

 

  • Повик за менторска програма за организациите членки на ИРИС мрежата

    Повик за менторска програма за организациите членки на ИРИС мрежата

    Искористе ја можноста и аплицирајте за поддршка во процесот на лиценцирање!!!

    Рокот за аплицирање е продолжен до 29.03.2019 !!!

    Програмата за менторство е отворена само за организациите на национални мрежи на ИРИС од 5 земји: Албанија, Црна Гора, Република Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, особено оние кои покажуваат иницијатива во активен пристап во спроведувањето на стандардите за квалитет во нивната работа.

    Менторот ќе им помогне на ГО да се подготват за успешен процес на лиценцирање на услуги или помош во изработка на стратешки / акционен план за конкретни услуги во согласност со потребите на ГО како и потребната документација за процесот на лиценцирање во согласност со стандардите за развој на услугите.

    Сите информации и формулари за апликација се достапни на линкот подолу.

    Апликацијата треба да се испрати на е-маил адресата lastrada@lastrada.org.mk најдоцна до 29.03.2019 година. пладне (12.00 часот).

    Формат за декларација

    Пријава

    Водич за апликанти

    Дознајте повеќе!
  • Нова можност за членовите на мрежата ИРИС

    Нова можност за членовите на мрежата ИРИС !!!

    Платена практикантска работа во Франција, краен рок за пријавување 22 Март 2019.

    За повеќе информации на следнве линкови:

     EU based traineeship - ToR - Cemea

    EU based traineeship - ToR - La Ligue de l'enseignement of Pas-de-Calais...

     

    Дознајте повеќе!
  • Повик за изработка на видео

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе во рамките на проектот „Заедно против насилството и трговијата со луѓе” објавува повик за изработка на видео.

    Видеото кое ќе треба да се изработи со овој повик е во рамки на кампања која ќе има цел да ги доближи резултатите од проектот  „Заедно против насилството и трговијата со луѓе” до граѓаните и да придонесе кон подигање на свеста за проблемот од насилство и трговија со луѓе. Видеото ќе треба да содржи секвенци од спроведувањето на локалните младински кампањи во комбинација со впечатокот од процесот од самите млади.

    Повикот е отворен до 15. Март.2019 до 17:00 часот.

    Преземете го целосниот повик со сите услови на следниот линк: Повик за изработка на видео

    Дознајте повеќе!
  • МЛАДИНСКИОТ КАМП- ЗАЕДНО ПРОТИВ НАСИЛСТВО И ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

     

       

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта / Ла Страда од 21 до 25. февруари во Крушево спроведе 5 дневен Младински Камп, кој беше наменет за 12 тимови на млади чии што предлози за  локални младински кампањи беа  избрани на конкурсот  „Повик за Локални Младински кампањи’’.

    На Младинскиот Камп учесниците имаа можност меѓусебно да се запознаат дружат и  да се стекнат со проширени знаења за трговија со луѓе и воедно да ги развијат своите капацитети и знаења за подготовка и спроведување на успешни младински локални кампањи.

    Младинскиот Камп ги вклучуваше следниве компоненти:

    • Дефинирање на кампања и стратегија за спроведување
    • Комуникациски канали и алатки за промовирање на младинска кампања,
    • Примери за успешни младински локални кампањи
    • Развивање на акциски и финансиски план на спроведување на младинските локални кампањи
    • Подигнување на знаењата и капацитетите на младите за проблемот од трговија со луѓе преку еднодневна обука на тема Трговија со луѓе.

     Во периодот кој следи младите под менторство ќе работат на финализирање на локалните младински кампањи. По доставувањето на финалните производи до организацијата 12 тимови  ќе започнат со реализација на нивните кампањи на локално ниво.

     

     

     

    Дознајте повеќе!
  • CALL FOR POSITION: Consultant for mentoring

    CALL FOR  POSITION: Consultant for mentoring - assisting CSOs in acquirement of licences for provision of social services (fulfilment of quality standards) and mentoring in overall strategic development of the CSO in question.

    Огласот е продолжен до 18.март.2019 до 15:00 часот.

    Целосната документација која ќе треба да ја потполните е приложена подолу:

    A1 Annex I - General Conditions

    A2 Annex II -ToR Mentoring1

    A3 Annex III - IRIS Action Fact Sheet

    A4 Annex IV - Key Expert

    A5 Annex V - Budget

    A6 Annex VI - Leg Entity with copy of your  ID

    A7 Annex VII - Organisation and Methodolgy

    C - Tender form

    За сите дополнителни информации и потребни документи во однос на огласот можете да не контактирате на 2 700 107.  

    Дознајте повеќе!
  • ПОВИК за ангажирање на МОДЕРАТОР и организирање на слободното време на МЛАДИНСКИ КАМП

     

    21-25.02.2019, Крушево х. Монтана

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта / Ла Страда ќе спроведува 5 дневен Младински Камп, кој е наменет за 12те тимови на млади чии што предлози за  локални младински кампањи се избрани на конкурсот  „Повик за Локални Младински кампањи’’.

    Целта на Младинскиот Камп е учесниците се стекнат со проширени знаења за трговија со луѓе и воедно да ги развијат своите капацитети и знаења за подготовка и спроведување на успешни младински локални кампањи. По спроведувањето на Младинскиот Камп се очекува тимовите да ги спроведуваат  нивните кампањи на локално ниво.

     За повеќе информации отворето го следниов линк: 

    Повик за Модератор

    Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top