Новости
20 години помош и поддршка

  20 години помош и поддршка

 

 

 

    

20 години помош и поддршка

Помошта и поддршката се основните активности на Ла Страда и главната причина за нејзиното постоење. Основната цел на Ла Страда е да им даде поддршка и ассистенција на тргуваните лица со цел да ја повратат нивната слобода и да презевмат повторна контрола  врз нивниот живот. Потребите, ставовоте и грижите на тргуваните лица ја даваат основата на асиситенција која се обезбедува и се основа за сите останати програми. При директниот контакт со тргуваните лица тимовите на Ла Страда добиваат важни информации за нивните преживеани искуства. Ла Страда се залага да им помогне на тргуваните лица да ги постигнат нивните права и интереси.

Во последните 20 години повеќе од 230 000 јавувања беа примени на Ла Страда СОС линиите (Јавувањата на СОС линијата на Ла Страда Холандија не се земени во предвид) и повеќе од 24 000 лица добија директна поддршка.

Во рамки на Ла Страда програмата, локални, национални и интернационални мрежи беа формирани со цел да  ги подржат тргуваните лица, да им обезбедат безбедно враќање и поддршка за да превземаат повторна контрола над нивните животи. Асистенцијата вклучува социјална, психолошка  и емоционална поддршка, здравствена заштита, поддршка за време на судскиот процес, правна помош и безбедно сместување и индивидуално советување.

Целта на програмите е зајканување и социјално вклучување на тргуваните лица  во земјата дестинација или во нивната матична земја. Главните елементи на социјланата вклученост се остварување на правото на домување, социјална заштита, здравствена заштита, образование и вработување.

Сите членки на Ла Страда имаат СОС линија од кои некои се бесплатни и се достапни 24 часа. СОС линиите се главна алатка за да се дојде во контакт со луѓето кои биле тргувани или имаат потреба од асистенција и совет. Исто така, роднините и пријателите на (потенцијалните) жртви можат да се јават на СОС линијата за да добијат информации и поддршка или помош. По нивен избор јавувачите можат да останат анонимни за да ја сочуваат својата  приватност.

СОС операторите можат да обезбедат иформации за бараната земја дестинација и да корисни телефонски броеви. Исто така тие дваат совети околу безбедноста при паувањето и да понудат помош доколку е потребно. Тие можат да организираат практична, психолошка, здравствена и правна помош, да ги упатуваат жртвите во прифатилиште, да им помогнат при обезбедувањето на лична документација, да оствараат конатакти со семејствата на жртвата (доколку тие тоа го побараат) и да спроведуваат интервенција во криза. Доколку личноста  која во моментот е тргувана се јави на СОС линијата, операторот може да и обезбеди емоционална помош, да разговараат за можните опции, да ја поддржи во планирање и превземање акција, да и помогне да одлучи дали да избега или да остане и натаму во истата ситуација.

Луѓето ја контактираат Ла Страда дирекно на пример преку СОС линијата или се упатени во Ла Страда преку други институции, преку (национални или странски) здруженија на граѓани, социјални работници, теренски работници или интернационални организации. Тргуваните лица можат да бидат идентификувани преку органите на прогон, како што се полицијата, граничните служби  или јавниот обвинител. Се со цел да се обезбеди адеквантна идентификација и упатување на жртвите, сите членки на Ла Страда имаат развиено блиска соработка со овие агенции. Членките на Ла Страда обезбедуваат различни обуки за професионалците со цел обезбедување соодветна идентификација и упатување.

Некои Ла Страда организации имаат јавна адреса и се дирекно достапни за тргуваните лица и за други индивидуалци и агенции. Други Ла Страда организации работат на тајна адреса и може да бидат контактирани преку телефон.

  • Повик за менторска програма за организациите членки на ИРИС мрежата

    Повик за менторска програма за организациите членки на ИРИС мрежата

    Искористе ја можноста и аплицирајте за поддршка во процесот на лиценцирање!!!

    Рокот за аплицирање е продолжен до 29.03.2019 !!!

    Програмата за менторство е отворена само за организациите на национални мрежи на ИРИС од 5 земји: Албанија, Црна Гора, Република Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, особено оние кои покажуваат иницијатива во активен пристап во спроведувањето на стандардите за квалитет во нивната работа.

    Менторот ќе им помогне на ГО да се подготват за успешен процес на лиценцирање на услуги или помош во изработка на стратешки / акционен план за конкретни услуги во согласност со потребите на ГО како и потребната документација за процесот на лиценцирање во согласност со стандардите за развој на услугите.

    Сите информации и формулари за апликација се достапни на линкот подолу.

    Апликацијата треба да се испрати на е-маил адресата lastrada@lastrada.org.mk најдоцна до 29.03.2019 година. пладне (12.00 часот).

    Формат за декларација

    Пријава

    Водич за апликанти

    Дознајте повеќе!
  • Нова можност за членовите на мрежата ИРИС

    Нова можност за членовите на мрежата ИРИС !!!

    Платена практикантска работа во Франција, краен рок за пријавување 22 Март 2019.

    За повеќе информации на следнве линкови:

     EU based traineeship - ToR - Cemea

    EU based traineeship - ToR - La Ligue de l'enseignement of Pas-de-Calais...

     

    Дознајте повеќе!
  • Повик за изработка на видео

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе во рамките на проектот „Заедно против насилството и трговијата со луѓе” објавува повик за изработка на видео.

    Видеото кое ќе треба да се изработи со овој повик е во рамки на кампања која ќе има цел да ги доближи резултатите од проектот  „Заедно против насилството и трговијата со луѓе” до граѓаните и да придонесе кон подигање на свеста за проблемот од насилство и трговија со луѓе. Видеото ќе треба да содржи секвенци од спроведувањето на локалните младински кампањи во комбинација со впечатокот од процесот од самите млади.

    Повикот е отворен до 15. Март.2019 до 17:00 часот.

    Преземете го целосниот повик со сите услови на следниот линк: Повик за изработка на видео

    Дознајте повеќе!
  • МЛАДИНСКИОТ КАМП- ЗАЕДНО ПРОТИВ НАСИЛСТВО И ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

     

       

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта / Ла Страда од 21 до 25. февруари во Крушево спроведе 5 дневен Младински Камп, кој беше наменет за 12 тимови на млади чии што предлози за  локални младински кампањи беа  избрани на конкурсот  „Повик за Локални Младински кампањи’’.

    На Младинскиот Камп учесниците имаа можност меѓусебно да се запознаат дружат и  да се стекнат со проширени знаења за трговија со луѓе и воедно да ги развијат своите капацитети и знаења за подготовка и спроведување на успешни младински локални кампањи.

    Младинскиот Камп ги вклучуваше следниве компоненти:

    • Дефинирање на кампања и стратегија за спроведување
    • Комуникациски канали и алатки за промовирање на младинска кампања,
    • Примери за успешни младински локални кампањи
    • Развивање на акциски и финансиски план на спроведување на младинските локални кампањи
    • Подигнување на знаењата и капацитетите на младите за проблемот од трговија со луѓе преку еднодневна обука на тема Трговија со луѓе.

     Во периодот кој следи младите под менторство ќе работат на финализирање на локалните младински кампањи. По доставувањето на финалните производи до организацијата 12 тимови  ќе започнат со реализација на нивните кампањи на локално ниво.

     

     

     

    Дознајте повеќе!
  • CALL FOR POSITION: Consultant for mentoring

    CALL FOR  POSITION: Consultant for mentoring - assisting CSOs in acquirement of licences for provision of social services (fulfilment of quality standards) and mentoring in overall strategic development of the CSO in question.

    Огласот е продолжен до 18.март.2019 до 15:00 часот.

    Целосната документација која ќе треба да ја потполните е приложена подолу:

    A1 Annex I - General Conditions

    A2 Annex II -ToR Mentoring1

    A3 Annex III - IRIS Action Fact Sheet

    A4 Annex IV - Key Expert

    A5 Annex V - Budget

    A6 Annex VI - Leg Entity with copy of your  ID

    A7 Annex VII - Organisation and Methodolgy

    C - Tender form

    За сите дополнителни информации и потребни документи во однос на огласот можете да не контактирате на 2 700 107.  

    Дознајте повеќе!
  • ПОВИК за ангажирање на МОДЕРАТОР и организирање на слободното време на МЛАДИНСКИ КАМП

     

    21-25.02.2019, Крушево х. Монтана

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта / Ла Страда ќе спроведува 5 дневен Младински Камп, кој е наменет за 12те тимови на млади чии што предлози за  локални младински кампањи се избрани на конкурсот  „Повик за Локални Младински кампањи’’.

    Целта на Младинскиот Камп е учесниците се стекнат со проширени знаења за трговија со луѓе и воедно да ги развијат своите капацитети и знаења за подготовка и спроведување на успешни младински локални кампањи. По спроведувањето на Младинскиот Камп се очекува тимовите да ги спроведуваат  нивните кампањи на локално ниво.

     За повеќе информации отворето го следниов линк: 

    Повик за Модератор

    Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top