Информирање и лобирање

Програмата за Информирање и лобирање на Ла Страда Македонија има за цел:

  • да го стави прашањето на трговијата со луѓе цврсто на политичката агенда,
  • да ја подигне јавната свест,
  • да поттикне јавна дебата и
  • да го следи спроведувањето на мерките против трговијата со луѓе.

Првиот чекор  е препознавање на трговијата со луѓе како кршење на човековите права, како од страна на пошироката јавност  така и од страна на властите. Активностите за Информирање и  Лобирање се фокусираат на:

  • спроведувањето на стандардите за човекови права за третман на тргуваните лица,
  • спроведувањето на Протоколот на ОН за трговија со луѓе и Конвенцијата за трговија во рамките на Советот на Европа,
  • ефикасно гонење на сторителите,
  • развој и спроведување на национални акциски  планови,
  • воспоставување на Националната известувачи и
  • признавањето на улогата на невладините организации и други релевантни актери на граѓанското општество.

Во текот на годините Ла Страда Македонија активно лобираше за подобрување на програмите за заштита и подобар пристап до правна помош и заштита на човековите права на жртвите на трговија и останатите маргинализирани групи, како и за превенција од трговија со луѓе. Во рамките на Ла Страда  мрежата, организацијата лобираше за:

  • донесување на минимум стандарди за помош за жртвите на трговија со лица, вклучувајќи и дозволи за престој, програмите за заштита на сведоците, пристап до пазарот на трудот и образование, обезбедување на сместување, достапноста на правна помош и доброволно и безбедно враќање, вклучувајќи проценка на ризикот и надоместот на штета.