20 години против трговија со луѓе

Трговијата со луѓе е глобален проблем, со којшто се соочуваат сите земји ширум светот. Р. С. Македонија претставува земја на потекло, земја-транзит  и дестинација на тргуваните лица. Низ годините се бележат значителни промени и нови трендови во трговијата со луѓе, со што се менува и начинот на обезбедувањето заштита и помош за жртвите.”

Отворена порта оваа година одбележуви 20 години од своето основање и активно делување во борбата против трговија со луѓе. По тој повод беше креирана кампањата под истото име – 20 години против трговијата со луѓе, кампања креирана за да ги презентира резултатите од 20 годишната работа на сите програми на организацијата и нивните резултатите, препораки и потреби.
Во изминативе 20 години Отворена Порта им помогнала на вкупно 168 жртви на трговија со луѓе кои беа вклучени во Центарот за жртви на трговија со луѓе и Програмата за придружна социјална работа за социјално ризични категории.

Како главен настан на кампањата беше организирана Live Stream Јавна Дебата на тема – “20 години против трговија со луѓе” . Соговорници на јавната панел дискусија беа Јасмина Димишковска Рајковска – основачка и директорка на „Отворена порта – Ла страда“, Љупчо Маркудов – началник на единица за трговија со луѓе и криумчарење мигранти и Светлана Цветковска – претставник на Министерството за труд и социјална политика.

Отворена Порта е здружение на граѓани, кое ги промовира човековите права и ги застапува интересите и потребите на лицата кои се под ризик или претрпеле насилство и трговија со луѓе преку превенција, социјална поддршка и лобирање на национално и европско ниво преку членството во Ла Страда Интернационална- Европска мрежа за борба против трговија со луѓе. Подолу можете да ја проследите целосната дебата.

Обидувајќи се да ги прикажеме применетите политики преку искуствата на самите жртви, на институциите и граѓанските организации кои учествуваат во борбата против трговијата со луѓе, спроведовме квалитативно и квантитативно истражување.

Добиените резултати од анализата   укажуваат на потребите од проактивна идентификација на жртвите на трговијата со луѓе од страна на надлежните институции, воспоставување долгорочни решенија за  заштита и реинтеграција, како и на потребата од нивна финасиска одржливост.Целта е да  даде одговор на прашањето колку постоечките механизми  за идентификација, заштита и реинтеграција содејствуваат со потребите на жртвите и со справувањето на земјата со трговијата со луѓе.”

Како дел од оваа кампања беа приготвени и 4 инфографици кои на сликовит начин ги прикажуваат резултатите од сите програми на организацијата и тоа: Анализа на податоци на СОС линија за помош од трговија со луѓе; Искуството на Отворена Порта со барателите на азил, мигрантите и бегалците; Обезбедена помош и поддршка на жртвите на трговија со луѓе 2005-2020 и Превенцијата како клучна во борбата против трговијата со луѓе. Инфографиците можете во целот да ги погледнете на линковите подолу.

 Не ja премолчувај трговијата со луѓе, пријави на СОС линијата 0800 11111!