Балкан Делувај Сега

Од јануари 2018 година, Отворена Порта заедно со  АСТРА и четири други партнерски организации од регионот: Меѓународен форум на солидарност – ЕММАУС (Босна и Херцеговина), Центар за женски права (Црна Гора), Центар за правни граѓански иницијативи (КЛЦИ, Албанија)  и Холандскиот Хелсиншки комитет ја спроведуваат третата фаза од регионалниот проект БАН III – Балканот делува (против криминалот на трговија со луѓе) сега!. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија. Западен Балкан (ЗБ) е регион на потекло, дестинација и транзит кога станува збор за трговија со луѓе и тоа се однесува на сите земји што учествуваат во овој проект. Покрај тоа, сите ко-апликанти од ЗБ во овој проект се лидери во областа на борба против трговијата со луѓе и се борат против организираниот криминал во нивните земји. Тие се активни учесници во развојот на стратегиите и акционите планови на нивните влади, во спроведувањето на промени во политиката, во мониторингот на политиките, а во исто време и обезбедуваат директна поддршка на жртвите. Пристапот на проектот има силна регионална компонента на сопственост и се фокусира на специфични интервенции со цел да се изградат капацитети на граѓанските организации( ГО) од ЗБ и нивните локални партнери да ја анализираат состојбата на терен, да предложат нови решенија, да следат и да известуваат за работата на секторот правда.

Фазата III се заснова на успехот на фазите I и II (воспоставување на силна регионална мрежа на ко-апликанти на ГО; Дизајн на Балканска декларација за сузбивање на трговија со луѓе и експлоатацијата; Дизајн и тестирање на регионална алатка за мониторинг; Развиени се различни предлози во врска со воспоставување механизам за компензација на жртвите, вклучувајќи физибилити студија на државен фонд за компензација, како и модел на Закон за фонд за компензација; Создавање јавни кампањи за подигнување на свеста). Повеќе информации за првите две фази можете да ги најдете овде.

Главен фокус на третата фаза е зајакнување на соработката и капацитетите на институциите и усвојување и спроведување на алатката за мониторинг. Ова ќе овозможи транспарентно и одговорно следење на квалитетот на услуги што им се дадени на жртвите, како и регионална споредба на податоците и услугите и ќе постави предуслови за формирање на идните канцеларии на националниот известувач.

За повеќе информации околу проектот кликнете овде.