ИРИС Вмрежување

#IRISNetwork беше основана во 2012 и од самиот почеток беше поддржана од партнерите од ЕУ и Програмата за поддршка на граѓанското општество (EC IPA Civil Society Facility).
ИРИС е единствената мрежа која ги соединува граѓанските здруженија од областа на социјална заштита во југоисточна Европа, а поконкретно од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово и Албанија.

 

ИРИС се состои од 7 национални мрежи, а во моментов таа брои 203 членки – организации кои нудат различни видови на услуги за социјална заштита на разни ранливи категории:

  • хендикепирани лица
  •  деца и младинци под ризик
  • жртви на насилство
  • возрасни лица
  • мигранти

Општата цел на мрежата ИРИС е оснажување на граѓанските здруженија во нивните напори да прераснат во ефективни, одговорни и независни субјекти, како и зајакнување на нивните капацитети да комуницираат со и влијаат врз државните и владините институции при креирањето на политики и одлуки.

Специфичните цели на Мрежата ИРИС се зајакнување на влијанието на граѓанските здруженија преку зацврстување на капацитетите на овие здруженија, со цел нивно активно вклучување во заштитата на корисниците во системот за управување со миграции и поттикнување на конструктивен и структурен дијалог со владините институции на сите нивоа, вклучување на граѓанските здруженија при креирањето на политики и донесување на одлуки, како и реформирање на процесите со цел подобрување на услугите за помош и поддршка на мигрантите.

Главни активности

Столб 1. Зајакнување на капацитети

  1. Средби за воспоставување на партнерство и соработка,
  2. Водич за услуги за социјална заштита/упатување на мигранти,
  3. Планирање на мали грантови,
  4. Годишни регионални академии за социјална заштита – во соработка со Советот за регионална соработка и Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција (MARRI),
  5. Обуки од европски експерти,
  6. Програми за менторство,
  7. Инструмент за евалуација на колегите,
  8. Обука за обучувачи на тема управување со миграции.

Столб 2. Влијание врз креаторите на политики

  1. Проценка на недостатоците на услугите за социјална заштита на мигранти,
  2. Јавни дебати,
  3. Годишни извештаи од следењето на активностите за (ре)интеграција,
  4. Локални/национални кампањи за поддршка,
  5. Брифинг на земјите од Западен Балкан – стандарди на квалитетот на услугите при управување со миграции,
  6. Настани во Европскиот Парламент.

Столб 3. Подигање на јавната свест

  1. Балкански медиумски караван,
  2. Кампањи во медиумите,
  3. Дисеминација и рекламирање на позитивните практики/иновативните студии на случај.