Отворена Порта во 2014тата година ја спроведе кампањата – “Крени го гласот против трговијата со луѓе” која имаше за цел да придонесе во борбата против трговијата со луѓе со посебен фокус на трудовата експлоатација, зголемување на јавната свест во однос на овој проблем посебно помеѓу младите, и да придонесе во подобрување на идентификацијата и подобрување на сервисите за жртвите. Кампањата е дел од 18 месечниот проект Крени го гласот против трговијата со луѓе финансиран од Европска Комисија.
За потребите на кампањата беше спроведено истражување со цел да се испита свеста, перцепцијата и разбирањето за експлоатација на трудот и проблемот на трговија со луѓе меѓу македонските граѓани.
За целите на кампањата беа креирани 3 анимирани ТВ спотови. Првиот спот беше создаден врз основа на вистински настан и во 22 секунди ја прикажува ситуацијата на трудовата експлоатација како форма на трговија со луѓе, начинот на измама, положбата на жртвата, и недостатоците на правниот систем. ТВ спотот е изработен на македонски јазик и поддржан со англиски и албански превод. За да го погледнете првиот спот кликнете тука.
Судбината на неколку жени-жртви на трговија со цел трудова експлоатација од Македонија беа основаите врз кој што се градеше вториот ТВ спот. Вториот анимиран ТВ спот во 24 секунди ја прикажува измамата со која што се служат трговците, експлоатацијата и положбата во која се наоѓаат жртвите. За да го погледнете вториот ТВ спот кликнете тука.