Проектот „Конечно Правда“ – европска акција за обештетување на жртвите на криминал има за цел да го подобри пристапот до надомест за жртвите на трговија со луѓе и жртвите на сродни кривични дела. За жртвите на криминал, правото на компензација е признато и добро утврдено во законодавството на ЕУ. Сепак, остануваат многу бариери што ги спречуваат овие жртви да пристапат кон ова право.
Проектот e координиран од La Strada International a Отворена Порта ќе спроведува во соработка со партнери во Бугарија (Association Animus), Чешка (La Strada), Шпанија (SicarCAT and Esperanza), Германија (KOK), Австрија (LEFO), Холандија (FairWork) , Ирска (MRCI), Романија (Adpare), Срвија (ASTRA).
Овој проект е делумно финансиран од програмата за правда на Европската унија (2014-2020).
Зошто?
Доказите добиени од претходните истражувања покажуваат дека многу малку жртви бараат надомест на штета, а пак меѓу оние што бараат, дури и помалку добиваат исплата за обештетување. Пречки за пристап и добивање компензација вклучуваат недостиг на свесност кај полицијата и судскиот систем, недостаток на пристап до правна помош и соодветна информација за жртвите и одложување на судењата и долго траење на кривичната и граѓанската постапка. Друга пречка, во случај на странски жртви, е враќање или депортирање во нивната земја на потекло пред да се донесе пресудата.
Дури и кога е доделена компензација, постојат бариери што ги оставаат жртвите без исплата на истата. Овие бариери вклучуваат дека жртвите ретко имаат средства да обезбедат извршување на компензација. Но, исто така, дека сторителите не се пронајдени, не се гонети, ги префрлиле своите средства во странство или се прогласиле за банкротирани со цел да избегнат конфискација на нивните средства и да не мора да платат надомест. Пристапот до државните фондови за компензација може да биде спречен, на пример, поради недостаток на статус на престој, недостаток на информации, недостаток на средства и недостаток на пристап до правна помош. Накратко, многу бариери ги спречуваат жртвите да ги бараат и да ги добијат своите права, вклучително и правото на надомест на штета.
Цели
Проектот има за цел да ги идентификува и анализира преостанатите бариери за правни лекови, како и потребите и најдобрите практики за надминување на ваквите бариери. Тој понатаму има намера да им обезбеди знаење и вештини на професионалците за барање и давање помош за добивање компензација, да ја подигне свеста кај професионалците, креаторите на политики, давателите на услуги и жртвите на криминал во Европа.
Проектни активности
Проектните активности вклучуваат идентификација и правна анализа на побарувањата за компензација; проценка на празнините поврзани со потребите на жртвите, упатување и прием и плаќање на побарувања; меѓународни и национални обуки, семинари и состаноци на фокус групите и европска информативна кампања. Овој проект е делумно финансиран од програмата за правда на Европската унија (2014-2020).
За повеќе информации постете ја официјалната страна на JUSTICE AT LAST