#НаСвојаКожа

https://www.facebook.com/NaSvojaKozha/videos/319940135587099/

Аудио-визуелниот театарски перфоманс #НаСвојаКожа обработува три приказни кои ги преживеале трите ликови кои биле жртва на трговија со луѓе. Секој од тие ликови на уникатен начин раскажува за тоа што го доживеал на своја кожа и какви последици останале врз него/неа.

Моментално една од најактуелните теми за човекови права е трговија со луѓе,  но како тим тоа што ние го имаме приметено е дека во нашата заедница многу и не се зборува за оваа тема или пак начинот со кој се се информира заедницата е со повик на претпазливост.  Ние сметаме дека тој повик на претпазливост не допира толку многу до нашите сограѓани и  имаме чувство дека не ја разбираат можеби темата бидејќи сметаат дека работите се случуваат на друго место  и за таа цел контекстот на нашата кампања е да ја подигнеме свеста на локално ниво и да ги разубедиме нашите сограѓани дека трговијата со луѓе не се случува на некое друго далечно место туку дека може да се случи и во нивниот град и тоа буквално секому (брат, сестра, пријател, сосед).