Во организација на Отворена порта и Terre des hommes – Kosovo се одржа втора меѓу гранична средба на Северна Македонија и Косово за транснационалната соработка помеѓу земјите за идентификација и помош на жртвите на трговија со луѓе, со фокус на децата, преку унифицирани стандардни оперативни процедури (УСОП).
Учествуваа претставници од канцеларијата на националниот координатор на Северна Македонија
и Косово,
претставници од полицијата и специјалните единици против трговијата со луѓе и илегална миграција, гранична полиција, Националниот механизам за упатување(НМУ/ЦСР), Центарот за жртви на трговија со луѓе и невладините организации.


На средбата се разговараше за:







Оваа активност беше спроведена како дел од проектот “Подобрување на обезбедувањето услуги и свеста за борба против трговијата со луѓе на Балканот, Албанија, Македонија, Црна Гора, Косово”, финансиран од американскиот Стејт департман преку програмата Ј/ТиП.
