Негативните последици од малолетничките бракови врз физичко и менталното здравје и севкупната иднина кај децата

📢Со група на девојчиња разговаравме за негативните последици од малолетничките бракови врз нивното физичко и ментално здравје и севкупната иднина.
‼️Детските бракови претставуваат огромна пречка за натамошниот развој на децата, бидејќи директно или индиректно им го одземаат правото на едукација, социјализација, на стекнување економска независност, но и на правилен здравствен развој.
‼️Треба да се забележи дека корените на малолетничките бракови се во родовата дискриминација, структурираната родова нееднаквост во општествата и феминизацијата на сиромаштијата.
📌Отворена порта се залага во име на младата популација со цел нивниот глас да се слушне и ќе ги мобилизира националните актери во развивањето на програми за превенција и заштита од присилни/детски бракови и трговија со луѓе во Северна Македонија.
Активноста е дел од проектот “Јакнење на младите девојки и жени да имаат глас во општеството и да се вклучат во превенција и заштита од присилни/детски бракови и трговија со луѓе во Северна Македонија преку работилници за подигање на свеста и градење капацитети“ финансиски подржан од Embassy of Canada to Serbia, North Macedonia and Montenegro