Обезбедена поддршка на 187 лица- баратели на азил
Стручниот тим на социјални работници и педагози од Отворена порта активно спроведуваа индивидуални и групни средби со лицата сместени во Прифатниот центар за баратели на азил, при што во текот на април-јуни 2015, е обезбедена поддршка на 187 лица.
Отворена Порта во 2014 година започна да спроведува програма за ранливи категории на лица во процес на мигрирање кои имаат потреба од итна интервенција, стручна помош и поддршка во Р. Македонија. Програмата се однесува на лица кои се сместени во Центарот за баратели на азил, а припаѓаат во следниве категории на лица:
- Непридружувани малолетници баратели на азил;
- Семејства кои се баратели на азил;
- Самохрани родители со деца;
- Жртви на сексуално и родово базирано насилство.
Целите на програмата се повеќекратни и вклучуваат помош на сместените лица полесно и поуспешно да се вклучат во тековните процеси на општественото живеење, односно успешна интеграција во општеството. Дополнително, целта е да спроведе социјална односно општествена медијација помеѓу потребите на овие лица и системот за поддршка кој е креиран од страна на државата и им стои на располагање на барателите на азил.