Обезбедување на неопходни медицински прегледи за потенцијалните и жртвите на трговија со луѓе

Здужението на акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта-Ла Страда  и Универзитетска гинеколошката акушерска клиника УГАК – Скопје ја официјализира соработката преку потпишување на Меморандум за соработка со цел обезбедување на неопходни медицински прегледи за потенцијалните и жртвите на трговија со луѓе и други ранливи групи, спроведување на контрацептивни мерки за жртвите исто така и спроведување на обуки на медициснкиот персонал за правилнопостапување со жртвите на трговија со луѓе.

Меморандумот за соработка званично се потпиша во просториите на УГАК Скопје од страна на медицинскиот директор на УГАК Доц. Д-р Викторија Јовановска и организацискиот директор на УГАК Ајрула Мустафа и Извршната директорка на Отворена Порта Јасмина Димишковска Рајковска. Со цел за успешна соработка медицинската директорка Д-р Јовановска ја поздрави иницијативата за поддршка на жртви на трговија со луѓе и друга ранлива категорија на жени.

Од страна на Отворена порта преставниците Извршната директорка – Јасмина Димишковска Рајковска, Програмската директорка – Марија Тодоровска и  Координаторката за директна помош и поддршка Ленче Марковиќ присутните ги запознаа со постоењето на проблемот на трговија со луѓе во нашата земја, начинот на препознавање и можноста за упатување до соодветна институција каде би можеле да им се даде соодветна помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе. Исто така беа поделени  материјали за препознавање  на знаците за препознавање на самите лица дали се жртви на трговија со луѓе и дадени контакти за да пријават и да побараат помош.

Искажувајќи ја целта на важноста од меѓуинституционалната соработка присутни на настанот беа претставници на ЈУ Меѓуопштиснки центар за социјална работа Скопје, а воедно и преставници на Мобилниот тим од Скопје кои ги споделија своите искуства за поддршката и потребата од поддршка на здруженијата на граѓани.

Од страна на присутните стручни лица лекари – гинеколози и медициснки сестри кои  први  доаѓаат во контакт со лицето голем интерес покажаа каде да пријават случај доколку дојдат во контакт со такво лице и каква помош ќе му биде понудена. Од страна на социјланите работници и гинеколозите на ЈУГАК беше истакната досегашната добра соработка со Отворена порта и се надеваат на подобрување на услугите и надминување на евентуални пролеми доколку се појават.