Оглас за наставник по македонски јазик
Во рамките на проектот “Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби“ поддржан од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Отворена Порта/Ла Страда отвора работно место за Наставник по македонски јазик со пола работно време во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово (ПЦ). Работното место се отвора за периодот на имплементација на проектот.
Поднесување апликации најдоцна до 20 декември до 16.00 часот на lastrada@lastrada.org.mk со назнака „Оглас за наставник по македонски јазик“ за проектот „Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби“.