ОГЛАСОТ Е ЗАТВОРЕН
ОТВОРЕНА ПОРТА поради зголемениот обем на работа објавува ОГЛАС за нови 6 работни места:
Теренски работници за првична идентификација, психо-социјална поддршка и упатување на лица под ризик во процес на миграција во Гевегелија.
Програма/ тим: Програма за поддршка на мигранти и баратели на азил
Цел на работно место: Првична идентификација, психо-социјална поддршка и упатување на лица под ризик во процес на миграција.
Супервизор/ непосреден раководител: Раководител на Програма за поддршка на мигранти и баратели на азил од Отворена Порта
Одговорности:
* Реализација на оперативниот план за теренска работа (првична идентификација психо -социјална поддршка и упатување на лица под ризик во процес на миграција.)
* Упатување на лицата под ризик до соодветните услуги од системот и институциите.
Задачи
• Да спроведува теренска работа ( 40 часа неделно) преку директно советување и упатување на мигрантите лоцирани на јавните места во Гевгелија
• Да даде јасни информации и насоки на мигрантите и да им го олесни контактот до институциите
• Да обезбеди емоционална поддршка
• Да ги информира мигрантите за нивните права, и да ги обезбеди со инфо материјали и контакт каде можат да побараат помош во случај на потреба
• Да идентификува лица со видливи знаци за претрпено насилство, експлоатација, психо-физички проблеми.
Период: октомври 2015-декември 2015
Спецификација на работа:
Образование: Високо образование
Минато искуство:
-Основни познавања за психо-социјална поддршка и упатување на лица под ризик
-Практична работа со лица под ризик ќе се смета за предност
Место: Лицето да е со живеалиште во Гевгелија или околината каде ќе се спроведува оперативниот план
Способности и вештини:
Возачка дозвола
Одлични комуникациски вештини
Емпатичност
Флексибилност
Тимска работа
Работа на компјутер( MS Office)
Јазици: Познавање на Англиски јазик