Отворена порта спроведе 2 отворени дискусии со жени за причините и последиците од раните детски бракови во Скопје и Делчево.

Отворена порта спроведе 2 отворени дискусии со жени за причините и последиците од раните
детски бракови во Скопје и Делчево. Дискусиите на кои учествуваа жени од ромска
националност дадоа можност отворено да се разговара за причините, последиците и стратегиите
за ублажување на детските бракови. Детските бракови според нив директно влијаат и на психо-
физичкиот развој на детето но и во формирањето на личноста, што остава трајни последици низ
натамошниот период. Причините кои ги посочија поради таквиот чекор беа сиромаштијата,
љубовта и традицијата која налага девојчињата да се омажат на млади години.
Идентификувани беа предлози за намалување на детските бракови од перцепцијата на
возрасните членови на ромската заедница особено жените.
Заклучоци до кои се дојдоа беа:

  •  Јакнење на свеста за негативните последици од детските бракови е неопходна;
  •  Промоција на образованието, особено во ромската заедница ;
  •  Јакнење на капацитетите за родителски вештини (советувања и професионална поддршка
    од педагози и психолози) ;
  •  Подигање на свеста од заштита од насилство и трговија со луѓе.
  •  Зајакнување на врските на семејството и нивната социо-економска состојба.
  • Примена на законските одредби и постапувања на институциите со цел да се заштитат децата во рамките на утврдените норми за правата на децата и нивниот најдобар интерес.

 

Јавните дискусии се спроведоа во заедничка соработка со Здружението Дендо Вас од Скопје и
НВО КХАМ Делчево.