Отворена Порта спроведе 3 работилници во Штип

Во текот на февруари 2023, во Штип се спроведоа 3 работилници  на различни теми како превенција од трговија со луѓе, градење на лидерски вештини и  негативните последици од детските бракови. Со вкупно 47 млади пред се девојчиња се разговараше за негативните последици од малолетничките бракови врз нивното физичко и ментално здравје и севкупната иднина, како да се заштитат и препознаат трговија со луѓе,  и да се мотивираат да го следат образовниот процес со цел да вложуваат во својот личен раст и развој и станат општествено корисни личности.

Препораките кои произлегоа од работилниците вклучуваат хармонизирање на постојното законодавство со цел експлицитно да се осигури дека минималната законска возраст е 18 години за едно лице да живее во брачна заедница; обезбедување правни механизми; воведување на институционален систем за евиденција и следење на бракови меѓу и со лица помлади од 18 години и развивање на посебна програма за заштита од брак под 18 години и негово спречување

Активноста е дел од проектот “Јакнење на  младите девојки и жени да имаат глас во општеството и да се вклучат во превенција и заштита од присилни/детски бракови и трговија со луѓе во Северна Македонија преку работилници за подигање на свеста и градење капацитети“ финансиски подржан од #CanadaFundNorthMacedonia.