Програмата за Информирање и лобирање на Ла Страда Македонија има за цел:
- Да го стави прашањето на трговијата со луѓе цврсто на политичката агенда,
- Да ја подигне јавната свест,
- Да поттикне јавна дебата и
- Да го следи спроведувањето на мерките против трговијата со луѓе.
Првиот чекор е препознавање на трговијата со луѓе како кршење на човековите права, како од страна на пошироката јавност така и од страна на властите.
Активностите за Информирање и Лобирање се фокусираат на:
- Спроведувањето на стандардите за човекови права за третман на тргуваните лица,
- Спроведувањето на Протоколот на ОН за трговија со луѓе и Конвенцијата за трговија во рамките на Советот на Европа,
- Ефикасно гонење на сторителите,
- Развој и спроведување на национални акциски планови,
- Воспоставување на Националната известувачи и
- Признавањето на улогата на невладините организации и други релевантни актери на граѓанското општество.
Во текот на годините Ла Страда Македонија активно лобираше за подобрување на програмите за заштита и подобар пристап до правна помош и заштита на човековите права на жртвите на трговија и останатите маргинализирани групи, како и за превенција од трговија со луѓе. Ла Страда лобираше за:
- Донесување на минимум стандарди за помош за жртвите на трговија со лица, вклучувајќи и дозволи за престој,
- Програми за заштита на сведоци, пристап до пазарот на трудот и образование, обезбедување на сместување, достапност на правна помош и доброволно и безбедно враќање, вклучувајќи проценка на ризикот и надомест на штета.