Денес дечињата на фамилиите кои подолго време чекаа транспорт до наредната станица, имаа прилика да бидат дел од повеќе работилници. Истите, многу му се израдуваа на срцето направено од хартија и самите му дадоа лице, секако – насмеано и весело и си го ставаа на своето лице. Се радуваме што во светот во кој денес живеат, нивните срца сеуште се вистински срца со таа големина за која возрасниот може само да учи.
Тим на Отворена Порта/Ла Страда Гевгелија.