Реинтеграција на жртвите од трговија со луѓе
Отворена Порта на 15 јуни 2015 во Скопје ги собра на едно место клучните актери од институциите, граѓанските и меѓународните организации во Македонија кои што работат на реинтеграција на жртвите од трговија со луѓе.
Целта на овој собир беше да ги презентира најважните резултати од програмата за реинтеграција на жртви на трговија со луѓе која што се спроведуваше во периодот 2007-2014 и нејзиното влијание врз тргуваните лица. Дополнително, на средбата се дискутираше за предизвиците и неопходните чекори кои што треба да бидат превземени во иднина.
Во текот на настанот беше промовирана и публикација Животот по трговијата со луѓе во која се сумирани најважните резултати од програмата за реинтеграција на жртви на трговија со луѓе и нејзиното влијание врз тргуваните лицаи како и во поопшти рамки на реинтеграција на Балканот. Публикацијата ги потенцира главните постигнувња и лекции научени во последните осум години и целата публикација може да биде симната тука. Оваа публикација е изработена и финански издадена од страна на King Baudouin Foundation (KBF) од Белгија.
Со цел да се прекине кругот на трафикуваните лица и да се оди на под дирекна и краткотрајна аситенција на жртвите и да се инвестира на нивното долгорочно социо-економско вклучување, KBF ја постави Ре/интеграциската програма на тргуваните лица (TVRP) која финансики поддржа ре/интеграциска шема во седум земји во Балканот. Помеѓу 2007 и 2014 повеќе од 2000 тргуваните лица и нивните семејства низ Балканот имаа бенифит од таквиот “tailor-made inclusion”програма.