РЕЗУЛТАТИ од избор за најдобра новинарска статија на тема ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

РЕЗУЛТАТИ од  избор за најдобра новинарска статија на тема ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

На ден 17.10.2017, во просториите на Отворена Порта во Скопје се одржа состанок на членовите на стручното жири за избор на најдобра новинарска статија на тема „Трговија со луѓе“ на кој што се разгледуваа апликациите пристигнати за време на конкурсот. На јавниот повик имаа можност да конкурираат сите заинтересирани новинари од печатени и електронски медиуми до 5 октомври 2017, со една или  повеќе статии објавени во периодот од 1 декември 2016 до 30 септември 2017 година.

Пристигнатите апликациите доставени за време на конкурсот ги разгледа и оцени независна жири комисија и притоа ја донесе следнава одлука:

Прва награда

Новинар: Стојанка Митреска

Текст: “Примамливите огласи за работа можат да бидат и мачка во вреќа”

Објавен: 30.09.2017

Медиум: Плус Инфо

Втора награда

Новинар: Петар Клинчарски

Текст: „Жртвите на трговија со луѓе – жртви на институционална негрижа“

Објавен: 29.09.2017

Медиум: 360 Степени

Комисијата одлучи дека оваа година наместо трета награда додели посебна  награда за младите средношколци кои се пријавија на конкурсот и покажаа иницијатива и мотивираност за истражувања во областа на трговија со луѓе. Награда за младите средношколци: Стеван Богданов и Евгенија Атанасова

Текст: “Трговија со луѓе – ропството на современиот свет”

Објавен: 30.09.2017

Медиум: Телевизија Стар