Од 2005 година Отворена порта раководи со прифатилиште за згрижување на жртви од трговија со луѓе. Во прифатилиштето покрај сигурното сместување се обезбедуваат и сите услуги од програмата за директна помош и поддршка. Сместувањето за штитеничките е на доброволна основа, а прифатилиштето е од отворен тип.
Прифатилиштето се наоѓа на тајна адреса и во него работат професионалци од различни професии како што се социјални работници, педагози и психолози. Работата е сменски организирана и овозможува 24 часовно функционирање.
Програмата се спроведува во форма на индивидуални советувања и групна терапија како и едукативно-окупациски работилници.