Ако барате безбедно сместување, помош и поддршка сите ресурси ви се достапни во нашата организација Отворена Порта/Ла Страда.
Отворена Порта во 2001та година го отвори својот прв сервис – СОС линијата за помош, поддршка и пријавување на можни случаи на трговија со луѓе. Од тогаш до денес СОС операторите имаат асистирано повеќе од 600 јавувачи.
СОС линијата ги нуди следниве услуги:
Превентивни информации:
- Информации за проблемот од трговија со луѓе
- Информации за безбедно заминување или работа во странство
- Информации потребни за проверка на содржината на договорат за работа
- Информации за регистрирани лиценцирани агенции за вработување достапна на веб страната на Министерство труд и социјална политика
- Информации за други СОС линии, здруженија и институции за помош од трговија со луѓе во странство
- Контакти од организации и институции во земјата на дестинација
- Контакти од Дипломатски претставништва на Република С. Македонија во Европа достапни на веб страната на Министерство за надворешни работи на Р С. Македонија
- Листа на визен режим за граѓаните на Р. С. Македонија
- Информации за законите за трговија со луѓе во странство
- Информации за работничките права во Македонија
- Работна дозвола за странец достапна на веб страната на Министерство за труд и социјална политика
- Информации за визи за влез во Р. С. Македонија достапна на веб страната на Министерство за надворешни работа на Р. С. Македонија
Директна помош:
- Сместување во прифатилиште
- Психо-социјална помош
- Основен правен совет
- Информација и асистенција при неволја
- Помош при воспоставување контакти со други институции
- Обезбедување на директен контакт за поддршка и помош на потенцијалните или тргуваните лица и нивните семејств