Отворена порта во периодот од 12 до 15 декември 2022 година организира студиска посета во Холандија.
Целта на посетата беше размена на искуства и практики во делот на заштитата на жртви на трговија со луѓе и посета на постоечки прифатилишта и организации кои нудат сервиси за жртви, во Амстердам и Хаг.
На студиската посета присуствуваа претставници од Националната Комисија, Министерството за труд и социјална политика и Националниот механизам за упатување.
Во рамките на посетата беа организирани средби и состаноци со најразлични претставници на државни институции како и невладини организации со истакнато искуство во областа на директна помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе.
Целта беше примена на искуствата и практиките од Холандија во однос на проширување на постоечките капацитети во Република Северна Македонија за помош, поддршка и згрижување на жртвите на трговија со луѓе, како и размена на добри практики од постоечките прифатилишта во Холандија за згрижување и заштита на деца, жени и мажи, жртви на трговија со луѓе и искуства во однос на нивната одржливост.