Трговија со луѓе во светот

SOS: 0800 11111

Трговијата со луѓе се појавила многу одамна, долго време се провлекува низ историјата, и за жал, и после еден толку долг период на развиток на човештвото таа се уште постои. Низ историјата трговијата со луѓе го менувала само својот назив но не и нејзината цел.

За жал и денес некои луѓе се уште се раѓаат во ропство (така наречено наследно ропство), особено во делови од Западна Африка и Јужна Азија. Во 2013 година, модерно ропство има многу форми, и е позната по многу имиња. Без разлика дали тоа е наречено трговија со луѓе, принудна работа , ропство или практики слични на ропство ( категорија која вклучува должничко ропство, присилни или договорени бракови, продажба или експлоатација на деца) жртвите на модерно ропство не можат да ја уживаат слободата, и се користат и контролираат и експлоатираат од страна на друго лице за профит, секс, или доминација. Или со наједноставни зборови трговијата со луѓе претставува најсурово искористување на човечкото тело и труд со цел економско богатење на поединци.

Синџирите на модерното ропство не се секогаш физички – понекогаш ескалацијата на долгови, заплашување, измама, изолација, страв или дури ‘ брак’ на кој што е принудена една млада жена или девојка без нејзина согласност може да се користи за да се држи лицето против своја волја, без потреба за брави или синџири. Модерно ропство е недоволно разбрано, па токму затоа останува скриено во рамките на домовите, заедницата или пак на полињата.

Криминалците се креативни и ги користат сите расположливи средства за да го прикријат, рационализираат, и да го оправдаат ропство – било да е тоа раса, етничка припадност, религија, пол, каста, ‘‘обичај “или било кој друг изговор или ранливост. Модерното ропство не е секогаш очигледно како што се некои други кривични дела, убиства па дури и кражба. Модерното ропство вклучува екстремна злоупотреба на моќта/ власта, што не е секогаш веднаш видливо и воедно бара пошироко разбирање на луѓето и на односите кои се вклучени.

Трговијата со луѓе е форма на модерно ропство каде што луѓето профитираат од контролата и експлоатацијата на другите. Трговијата со луѓе е криминал кој што често е непријавен поради неговата скриена природа, различни недоразбирања, во однос на неговото дефинирање и недостаток на свест за нејзините индикатори на локално ниво.

Според Глобалниот индекс за ропство 2013[1], 29,8 милиони луѓе се во модерно ропство во светот. Секоја година трговците со луѓе генерираат билиони долари профит експлоатирајќи милиони луѓе во цел свет. Трговијата со луѓе е препознаена како еден од најбрзо растечките криминални индустрии во светот. Како и трговијата со дрога и оружје така и трговијата со луѓе е водена од пазарот кој што се основа на принципот на понуда и побарувачка. Трговијата со луѓе е водена од побарувачката за евтина работна сила или сервиси или пак за сексуални услуги. Трговците со луѓе се тие кои што ги искористуваат жртвите во обидот да го остварат својот профит преку постоечката побарувачка. Уште се нарекува дека трговијата со луѓе е високо профитен и ниско ризичен криминал кој што ги предизвикува трговците.

Многу фактори ги прават децата и возрасните ранливи на трговија со луѓе. Како и да е, трговијата со луѓе не постои само поради тоа што многу луѓе се наоѓаат во ранлива позиција која што може да биде искористена.

Трговија со луѓе постои во секоја земја во светот, без оглед на социо -економскиот статус, историјата или политичка структура. Модерно ропство е глобално прашање . Некои земји имаат поголем проблем од другите, но всушност овој криминал влијае на сите нас. Трговијата со луѓе не познава границите, и производите на модерно ропство се прелеваат во глобалните ланци на снабдување, во локалните продавници, и на крајот во нашите домови.

Според Американското Министерство за труд идентификувани се 122 производи, во 58 земји кои што се произведени со принудна работа, детскиот труд, или и двете, кое што пак од друга страна ги предизвикува државите за искористување на моќта на потрошувачите за да се стави крај на широко распространета експлоатација со покренување на јавната свест за избирање на стоки кои не се извалкани со присилна работа или детски труд.

Многу од проблемите кои им помагаат на модерно ропство да се развива, се исто така глобални: корупција, конфликтите, сиромаштија, дискриминација и влијанието на сиромашните или во опаѓање економски услови и негативните еколошки промени.

Трговијата со луѓе претставува модерна форма на ропство на 21-иот век. Милиони жени, деца и мажи се принудени на проституција, домашно слугување, работа на полиња, питачење и на други видови на принуда. Трговците со луѓе го создадоа меѓународниот пазар за трговија со луѓе врз основа на високиот профити и побарувачката за комерцијален секс и евтина работна сила.

Според последниот извештај на МОТ[2](Меѓународна организација на трудот) се проценува дека 20,9 милиони мажи, жени и деца се тргуваат со цел нивно искористување за целите на комерцијалниот секс или принудна работа во целиот свет денес и се наоѓаат во состојба која што не можат да ја напуштат, биле принудени или измамени, односно во секој даден момент во времето, околу три од секои 1. 000 лица во светот страдаат во принудна работа. Жртви се тргувани во и преку меѓународните граници. Иако повеќето форми на модерно ропство се нелегални во целиот свет, постојните статистики сугерира дека законите ретко се користат и спроведуваат. Според извештајот Трговија со луѓе 2013 на Стејт департмент на САД[3] се истакнува дека додека 46. 570 жртви на трговија со луѓе биле официјално идентификувани во 2012 година, имало само 7. 705 обвиненија, а 4750 обвинети на глобално ниво.

Всушност реалноста на модерно ропство е дека и денес милиони луѓе се во заробеништво, служејќи им на криминалците кои што ги контролираат.

Досега речиси секоја држава во светот се обврзала да ги спречи и искорени модерните форми на ропство применувајќи соодветни мерки (национални политики и закони, договор со меѓународни конвенции и сл. ).

„97 земји или 49. 7% од земјите членки на Обединетите Нации се дел од Конвенција за ропство од 1926 година;  23 земји или 63,7% од земјите членки на Обединетите Нации се дел од Дополнителна Конвенција за ропство од 1957 година;  176 земји или 91,1% од земјите членки на Обединетите нации се дел од Конвенцијата за присилни работни односи;  154 земји или 79,7% од земјите членки на Обединетите нации се дел од Протоколот на Обединетите нации за трговија со луѓе. ‘‘[4]

Се смета дека поединци, граѓански организации, како и синдикати имаат улога во решавањето на ова големо прекршување на човековите права, но само Владите на државите се тие кои имаат моќ да донесат кривични и други релевантни закони, како и да го распределат националниот буџет за финансирање и спроведување на законот.

[1] Достапно на: http: //www. globalslaveryindex. org/, Пристапено на: 10/12/2013
[2] “ILO Global Estimate of Forced Labour: Results and Methodology”, (2012), International Labour Organisation,/http: //www. ilo. org/wcmsp5/groups/public/—ed_norm/—declaration/documents/publication/wcms_181953. pdf
[3] Трговија со луѓе Извештај Јуни 2013 Стејт Департментот на САД : стр. 46 : http: //www. state. gov/documents/organization/210737. pdf
[4] The Global Slavery Index 2013, Достапно на: http: //cde. peru21. pe/doc/0/0/1/5/9/159661. pdf>, Пристапено на: 16/06/2014