Трудова експлоатиција

SOS: 0800 11111

Трудовата експлоатација е вториот најприсутен облик на трговија со луѓе на целиот Балкан. Во светот најчесто оваа експлоатација се случува во земјоделскиот, индустрискиот, текстилниот и угостителскиот сектор. 

Под терминот трудова експлоатација, се подразбира дека се однесува на трговија со луѓе заради цели наведени како присилен труд услуги, ропство, како и други форми на економска експлоатација кои можат да бидат показатели или да доведат до таква пракса.

Европската агенција за основни права го дефинира терминот тешка трудова експлоатација, како сите форми на експлоатација кои се кривични според законодавството во членката земја каде експлоатацијата се појавува. Забелешка, дека терминот трудова експлоатација исто така понекогаш се користи за упатување на поширок опфат на насилство на работните стандарди или закони кои не се зголемуваат на ниво на кривични дела или трговија со луѓе, како не исплаќање на плати, одредени видови на опасни услови за работа и регрутирање на нестручен кадар.

Од 24.9 милиони луѓе заробени во присилна работа, 16 милиони луѓе се експлоатирани во приватниот сектор како што е домашна работа, градежништво или земјоделство;

4,8 милиони лица во присилна сексуална експлоатација и 4 милиони лица во присилна работа наметнати од државните органи.

Принудна работа е секоја работа или услуга што луѓето се принудени да ја прават против својата волја, под закана од казна. Скоро сите практики на ропство содржат одреден елемент на присилна работа.

Принудниот труд може да се сфати како работа што се изведува неволно и под закана на казна. Се однесува на ситуации во кои лицата се принудени да работат преку употреба на насилство или заплашување, или со посуптилни средства, како што се манипулиран долг, задржување на лични документи или закани за откажување на имиграциските власти.

Жените и девојчињата се диспропорционално погодени од принудна работа, што претставува 99% од жртвите во трговската сексуална индустрија и 58% во другите сектори

Што е трговија со луѓе?

Трговијата со луѓе е движење или регрутирање на луѓе, преку измама или принуда, заради експлоатација. Трговијата со луѓе е местото каде што луѓето се загрозени, принудени или измамени во ситуации што им овозможуваат да бидат експлоатирани.
Трговијата со луѓе може да се случи во сопствената земја или преку граници. Постојат многу форми на експлоатација во кои луѓето можат да бидат тргувани и држени во ропство.

Најчестите форми на трговија со луѓе се :

  • Сексуална експлоатација
  • Трудова експлоатација
  • Домашна сервилност
  • Принуден брак
  • Принудно питачење
  • Присилен криминал
  • Деца војници
  • Продажба на органи

Во РСМ злоупотребата на деца преку присилна сексуална експлоатација и присилните бракови, остануваат доминантни форми на ТЛ. Во текот на 2019г, од страна на институциите идентификувани се 6 жртви на трговија со луѓе, од кои 4 деца/женски, по националност 3 државјани на РСМ, 3 се странски жртви од кои две од Косово и 1 од БиХ.

Ропство

Ропството според конвенциите на ООН се дефинира како: ,,статус или состојба на лице врз кого се врши било кое или сите од овластувањата поврзани со правото на сопственост”. [1] Ропство е многу повеќе од принудна работа. Сите ропства вклучуваат принудна работа, но не сите случаи на принудна работа вклучуваат ропство. Меѓународната забрана на ропството е апсолутна, не постојат исклучоци (како што постојат за принудната работа). Ропството е институција во која господарот на робови ги користи своите права на сопственост преку уништување на човековата личност односно лицето како носител на правата и го сведува робот (лицето) на предмет, без права. Ропството се смета за комплетен систем на сопственост.
За повеќе информации-Ропство. 

 

Должничко ропство (или ропска работа)

Дополнителната Конвенцијата на ООН за укинување на ропството, трговијата со робови и институциите и практики слични на ропство го вклучува должничкото ропство како практика слична на ропство. Должничкото ропство, како што се вели е статус или состојба што произлегуваат од залог на должникот на своите лични услуги или на оние на лицето под негова контрола како гаранција за долгот, доколку вредноста на тие услуги ако разумно проценети не се користат кон ликвидација на долгот или должината и природата на тие услуги не се соодветно ограничени и ,,дефинирани” (Дополнителна Конвенцијата на ООН, чл. 1)
За повеќе информации- Должничко ропство

 

Принудна работа

Меѓународниот инструмент за решавање на принудната работа е во рамките на МОТ, која е специјализирана агенција на ООН.[1] Нема посебна конвенција на ООН за принудна работа, но конвенцијата на ООН за граѓански и политички права ги забранува повеќето форми на ,,принудна работа”. [2] МОТ Конвенцијата за принудната работа бр. 29 ја содржи следнава дефиниција: Принудна или задолжителна работа е секоја работа или служба која е наложена од кое било лице под закана за каква било казна и за која тоа лице не се понудило доброволно.[3]
Средството за казна вклучува закани за физичко насилство врз работникот или роднините, физички притвор и негирањето на правата[4]. Забраната за принудна работа на Конвенцијата не е апсолутна (со оглед дека забраната на ропство е апсолутна), бидејќи се дозволени одредени форми на принудна работа за (а) воена служба, (б) кога тоа е дел од ,,вообичаените граѓански обврски на граѓаните, “(в) осуда за вршење труд за некој јавен орган, (г) кога е потребно во ,, итни случаи “и (д),, ситни комунални услуги “од страна на членовите на заедницата за заедницата (Конвенцијата на МОТ бр. 29, чл. 2.2). Подоцна Конвенцијата на МОТ, исто така, забранува употребата на принудна работа за политички и економски цели или како средство за трудова дисциплина, или казна. [5]

Важно е да се напомене дека, сепак, двете конвенции не забрануваат употреба на трудот на затвореници; тие само поставуваат ограничувања на неговата употреба. Историски, владите користеле принудна работа за јавни проекти како изградба на патишта и сл.
За повеќе информации-Принудна работа

[1]МОТ е основана во 1919 година, во пресрет на деструктивната војна да продолжи со визијата врз основа на премисата дека универзален траен мир може да се постигне само ако се заснова на социјална правда. МОТ стана првата специјализирана агенција на ОН во 1946 година.
[2] (ICCPR , член. 8,3).
[3]За законското значењето на принудна работа, види МОТ 2009 (б).
[4](МОТ 2005, 5).
[5] (Конвенцијата на МОТ бр 105, чл. 1).

[1](Ропство Конвенцијата на ОН, член 1 (1).)

[1]Понатаму во текстот ке се користи кратенката ОН
[2] ILO/European Commission (2009): Operational indicators of THB; Results from a Delphi survey implemented by the ILO and the European Commission. Geneva:ILO
[3] Skrivankova К., 2011 Between decent work and forced labour: examining the continuum of exploitation, JRF programme paper: Forced Labour, November 2011
[4] ILO Core Labour Standards: 1949 Right to Organise and Collective Bargaining Convention No. 98, 1930 Forced Labour Convention No. 29, 1957 Abolition of Forced Labour Convention No. 105, 1951 Equal Remuneration Convention No. 100,
[5] B. Andrees, Forced Labour and Trafficking in Europe: How People are Trapped in, Live through and Come out (Working paper ILO, Geneva, 2008) p. 22.

Како да ги забележите знаците на трудовата експлоатација

Со забележување на знаците, можете да си помогнете на себе или да помогнете на друго лице.

  • Сте присилени на прекувремена работа(без да бидете платени за неа) и сте присилени да извршувате задачи, за кои не сте ангажирани
  • Добивате било какви закани по вашиот живот или по животот на некој од вашето семејство или ваша блиска личност
  • Немате слободен пристап и не располагате слободно со својата заработка/плата
  • Постојат било какви незаконски одбитоци од платата
  • Работите во несигурна и нездрава работна средина со премногу долги работни часови
  • Постои неисполнување на ветувањата во врска со висината на платата или редовна исплата, правниот статус, условите или видот на работа
  • Сте заклучени на работното место
  • Не може слободно да си заминете од работното место, или на кој било друг начин ви е ограничена можноста да се оддалечувате од работното место
  • Физички и /или сексуално сте малтретирани
  • Одземена вие е личната карта или пасошот
    Работите понижувачки, валкани, или опасна работа без соодветна заштита
  • Сте дисциплинирани преку казни (физички и парични)
  • Контролирани се вашите работни места надзорни камери, заклучени сте и/или изолирани на далечни локации без достапни средства за превоз
  • Работите поголем број на часови и или денови без пауза, без слободни денови и без право на боледување, надвор од пропишаното национално законодавство и без право на жалба
Како да ги препознаете лажните понуди за рaбота
  • Пред да аплицираш за работа, разгледајте ги знаците за предупредување кои ќе ви помогнат да утврдите дали станува збор за измама. Ако не сте сигурни, одвојте време да ја истражите агенцијата/компанијата.
  • Посетете ја веб-страницата на компанијата и доколку немаат или не одговара на начинот на кој ја опишуваат компанијата, сметајте дека нешто не е во ред. Колку е професионална? Дали има информации за контакт? Дали на сајтот се објавени работни места и информации за кариера?
  • Сериозните понудувачи вообично имаат сопствен домен и не испраќаат е-пошта и понуди од јавни домени како што се Gmail, Outlook, Hotmail, Yahoo, итн. Ова може да биде прв знак дека нешто не е во ред со вашата понуда.

Доменот на сајтот/страницата и информации во врска со IP корисникот можете да го проверите на https://who.is

  • Понудувачите кои имаат свое седиште обично имаат и фиксен телефон, а  не само мобилен телефон.
  • Имате право да ги проверувате препораките на компанијата како и тие  да ве проверат вас. Побарајте список на соработници и контактирајте ги референците за да прашате за компанијата.
  • Кога станува збор за странски телефонски броеви, проверете го бројот или е-поштата на Google или на друг пребарувач. Понекогаш се случува истиот телефонски број или е-пошта да се користи за рекламирање на различни понуди и реклами, кои не се меѓусебно поврзани, што може да биде знак дека станува збор за измама.
  • Преку веб-страниците 419scam.org или scamnbers.info, можете да проверите дали некој од наведените телефонски броеви претходно се користел за измама.
  • Пребарајте го името на лицето со кое сте комуницирале, понекогаш информациите за луѓето под тоа име веќе можат да се најдат на страни каде се пријавува спам и е-пошта заради измама со пари итн. Многу често на LinkedIn можете да најдете релевантни податоци за лицето кое работи во компанијата што ја има објавено понудата за работа.
  • Споредете ги сите податоци на компанијата од официјалната презентација со контактите што сте ги добиле. Авторите на лажни компании навистина се обидуваат да направат сè да изгледа прилично убедливо, но некои детали можат да се откријат. Тие често користат слики што ги наоѓаат на Интернет, за нивниот Skype профил, или за нивно претставување преку веб-страница или Фејсбук.
  • Избегнувајте огласи за работа во странство во кои итно се бараат работници, затоа што најчесто станува збор за измами или понуди за нелегални работни места, “ Работа на црно“.
  • Доколку понудата не бара посебно образование, искуство или познавање на јазикот а се нуди многу висока плата, внимавајте затоа што можно е да биде измама или обид за злоупотреба или експлоатација. Kога станува збор за законско вработување во странство, работодавачот обично треба да докаже дека не може да најде лице со соодветно образование во таа земја пред да може да ангажира лице од друга земја. Ако се согласувате да работите нелегално, мора да бидете свесни за ризиците што ги прифаќате. Ова обично значи дека во случај на инспекција, и вие ќе бидете одговорни бидјќи се немате пријавено, обично ќе бидете обврзани да ја напуштите земјата, а најверојатно ќе ви биде и забранет влез во Европската унија за одреден временски период. Покрај тоа, голема е веројатноста дека ќе мора да платите одредена казна, што не е мала. Исто така, доколку работодавачот не го почитува вербалниот „договор“ што сте го склучиле пред да заминете, нема да имате можност да поднесете тужба до надлежните органи.
  • Информации за регистрирани лиценцирани агенции за вработување достапна на веб страната на Министерство труд и социјална политика
Што да направите пред се одлучите за вашата идна работа  
  • Запознај се со работничките права во Република Северна Македонија или во државата во која сакаш да работиш!!

Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат. 

(Член 32 од Уставот на Република Северна Македонија)

  • Внимавај каков договор за работа потпишуваш!!!

Единствено релевантно средство за проверка на исправноста на одредена понуда е договорот со работодавачот, затоа што ги регулира обврските и одговорностите на работодавачот и работникот. Во овој поглед, однапред треба да ги утврдиш сите нејаснотии во врска со договорот и да земеш една копија за тебе од самиот договор. Договорот за вработување треба да содржи информации за работодавачот, како и за работникот, позиција или област на работа, детали за плата или парична помош, работно време, место за вработување, прекувремена работа, социјално осигурување и други придобивки, услови за влез, престој и работа во странство.

  • Информирај се пред да патуваш во странство!!

Понеси со тебе контакти од граѓански здруженија, синдикати и институции во земјата во која патуваш. Семејството или личност од доверба информирајте ги за местото каде ќе престојувате или работите (адреса, телефон), контакт од работодавецот и податоци за патувањето.

Оставите копија од сите документи и своја најнова фотографијаЗа повеќе информации за патување во странство https://travel.mfa.gov.mk/mk/page/307/informacii-za-viza?countryId=24&type=visa

  • Пасошот чувај го секогаш со себе и немој да го даваш на никој, освен на службени лица или полиција!
  • Доколку се сомневате дека некој е потенцијална жртва или жртва на трговија со луѓе пријавете го случајот на бесплатната SOS телефонска линија 0800 11 111 која е отворена 24/7. 
  • Пријавете повреда на работничките права во: ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД – ЦЕНТРАЛА Бул. Партизански одреди бр. 48А, Скопје +389 (0) 2 3116 110; +389 (0) 2 296 310

Ако сакате дополнително да се информирате или пак да пријавите можен случај на трудова експлоатација обратете се на

СОС линија за помош од трговија со луѓе

0800 11111 

Работно време: 24/7