Успешно стратешко планирање на Отворена порта-Ла Страда и реализиран тим билдинг

🔸Со сознание за значењето на стратешкото планирање за успешното остварување на мисијата на секоја организација, Отворена порта – Ла Страда, во периодот од 6 до 9 август 2023 година, изврши интензивна анализа и изработи амбициозен стратешки план за наредните четири години (2025-2028).
➡️Главната цел на овој процес на стратешко планирање беше да се освежи и усоврши тековниот пат, за да гарантира чиста насока и активно дејствување кон спречување на организираниот криминал и трговијата со луѓе во период кога нашата земја се соочува со значајни социјални реформи и активни преговори за членство во Европската унија.
❗️Нашиот нов стратешки план, се заснова на вредностите и целите на нашата организација. Како предводничка граѓанска организација во нашата земја, ние продолжуваме да работиме кон достапни услуги и превенција и заштита на жртви на трговија со луѓе и други ранливи лица. Во исто време, се залагаме за национални политики засновани на човековите права и родовата рамноправност.
❗️Создавањето на оваа стратегија беше дел од оперативниот грант ” Слушни го гласот на тргуваните лица и бори се против организираниот криминал“ финансиски поддржан од Европска Унија. Нашата обврска за успешна реализација на новата стратегија е воедно и продолжение на нашата ангажираност кон спречување на трговијата со луѓе и експлоатацијата преку заштитата на човековите права и социјална правда.
Периодот на подготовката на стратегијата беше искористен и за зајакнување на тимот на Отворена порта. Вработените активно и тимски учествуваа во различни активности и дружби, кои придонесоа кон поголема мотивација, подобра комуникација и поефективно заедничко делување во остварување на поставените цели и задачи.