Зајакнување на социјалните вештини и компетенции на идните социјални работници
Нова група на 8 студенти од Институтот за Социјална работа и социјална политика започнаа шестмесечна практична работа во Отворена Порта која има за цел да ги подобри нивните вештините и знаењата за трговијата со луѓе и работа со ранливи категории. Секоја година, започнувајќи од 2009 година, студентите од Институтот за социјална работа и социјална политика имаат можност да се вклучат во програмите на Отворена Порта и да спроведуваат различни активности и да стапат во директен контакт со целните групи.
Проектот е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје со кој што формалниот систем на образование се надополнува со практична работа.